ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари

September 12, 2022 14:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Главен аспект на бугарската и европската надворешна политика е проширувањето на Европската унија, а особено европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија, изјави бугарската потпретседателка, Илијана Јотова за време на учеството на Политичката школа „Димитар Паница“.

Како што јави дописникот МИА од Софије, Јотова нагласи дека секој што сака да биде дел од европското семејство мора да разбере дека тоа не е ниту банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата, посочи таа и како успех на бугарската надворешна политика ја истакна одбраната на бугарската позиција за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. Ова е пример како може да се постигне успех кога се работи со сите институции и политички партии во Бугарија, рече Јотова.

Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан влијае и на уште едно големо прашање – Босна и Херцеговина, Србија, Косово. Овој јазол, според потпретседателката на Бугарија, може да се одврзе само со јасна перспектива за овие земји, а сигналот мора да дојде токму од ЕУ, во спротивно тие секогаш би останале точки на конфликт. Јотова смета дека е потребно силно лидерство меѓу европските политичари. Таа посочи дека надворешната политика е тесно поврзана со безбедносната политика, а ја потенцираше и темата за миграциската политика на ЕУ, за која веќе осум години не може да најде соодветно решение.

Јотова истакна и дека надворешната политика отсуствува од јавната дебата, меѓу водечките теми во изборната кампања во Бугарија, и нагласи дека земјата често страдаше од странски одлуки и не се обиде да биде целосен дел од европскиот и глобалниот процес на одлучување.

Next Post

Пендаровски: Целосната и забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ, е од исклучителна важност за Европа

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk