ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јане Чаловски изложува во Париз како дел од „Урбан текст, овој простор наречен Балкан”

September 14, 2022 09:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 15 септември до 11 декември 2022 година, Институтот за исламски култури ќе ја претставува изложбата “Урбан текст, овој простор наречен Балкан”, кокурирана од Фалма Фшази и Беренис Салиу. Токму низ призмата на урбаниот простор изложбата Urban Text – термин кој во буквален превод значи „урбано ткиво“ на француски – ја прикажува комплексноста на Балканот, мултикултурна територија со променливи дефиниции. Во текстот на кураторките на изложбата се истакнува: „Од трагите на Отоманската империја до лузните на војните од 20 век, градот стана палимпсест на колективни списи, огледало на историјата и имагинацијата. Помеѓу изградбата, бришењето и трансформацијата, политичката и индивидуалната динамика оставија свој белег врз архитектурата и спомениците. Изборот на уметници кои работат на Балканот сведочат со својата сила и деликатност, зграпчувајќи ги спомените и актуелните настани за да создадат интими, дискурси или соништа. Тие ја нагласуваат историската густина на Југоисточна Европа, истовремено со различноста на влијанијата кои со векови го обликувале овој регион и чиј одраз се популациите.“

Јане Чаловски на изложбата се претставува со неговата најнова инсталација „Ефектот на преостанатото“, која е слика на архивата од поранениот Завод за урбанизам и архитектура од Скопје која повеќе не е присутен во јавниот домен. Според социологот и политички теоретичар Рејмонд Вилијамс „преостанатото“ како нешто што „ефективно е формирано во минатото, но сè уште е активно во културниот процес, не само како елемент од минатото, туку и како ефективен елемент на сегашноста“. Во таа насока, делото на Чаловски е покана за разграничување на темпоралноста на веќе непостоечката архива. Наместо тоа, тој се обидува да го обликува интерпретативниот и отворен концепт на прилагодување на знаењето надвор од јавноста и во доменот на интимноста и субјективноста.

Освен Чаловски, останатите уметници кои учествиваат во изложбата „Урбан текст, овој простор наречен Балкан” се Мрѓан Бајиќ, Лана Чмајчанин, Игор Грубиќ, Џенан Хаџихасановиќ, Шејла Камериќ, Ледија Костандини, КУМБИМА, Луиза Марган, Албан Муја, Стефано Романо, Селма Селман, Аднан Софтиќ, Иван Шулетиќ, и Зени Тадиќ.

Во текот на изложбата ќе биде организрана јавна програма која комбинира изведувачки уметности, тркалезни маси, музика и проекција на филмови кои даваат преглед на културното изобилство и предизвиците на современиот Балкан. Дискурзивната програма ќе отвори прашања поврзани со демократската транзиција, постконфликтниот контекст и афирмацијата на уникатните културни идентитети.

Научниот комитет на програмата го сочинуваат истакнатите Милена Драгиќевиќ Шешиќ, Сенка Ибришимбеговиќ и Наташа Петрешин-Бачелез. Генерален директор на Институтот за исламски култури е Стефани Шазалон.  Изложбата ќе ја отворат Ана Идалго, градоначалничка на Париз и други видни личности.

Претставувањето на Јане Чаловски на оваа изложба е дел од годишната програма на Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектниот простор Прес ту егзит“ од Скопје со наслов „Недисциплинирано: Трансформација на архивите преку дискурзивни кураторски, уметнички и едукативни практики“, поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Next Post
Џабир Дерала

Бесмислици и кич

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk