ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

September 14, 2022 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), каде имаше работен состанок со членовите на Комисијата.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, на состанокот, на кој присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини станало збор за тековните активности на Комисијата, како и споделување на мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.

Вицепремиерката Грковска ги информирала членовите на ДКСК за активностите поврзани со моделот на исплата на ваучери во спортот и слабостите коишто се детектирани и најавила дека во периодот што следува ќе се посвети на реализација на заклучоците од двете конференции што ги организираше Кабинетот, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со Министерството за правда, Агенцијата за млади и сите останати чинители. Со свои анализи и предлози ќе се вклучи и ДКСК.

Членовите на Државната комисија за антикорупција се интересираат и за подготовката на законот за потекло на имот, при што вицепремиерката нагласи дека се уште се работи на предлог решенијата и текстот ќе биде споделен со јавноста кога ќе се изготви драфт верзијата.
На состанокот беше разговарано и за обуките за интегритет и за судир на интереси кои се организираат за избраните и именувани функционери, се вели во денешното соопштение од кабинетот на Грковска.

Вицепремиерката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата образложиле дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.

 

Next Post

(ФОТО) Петровска и Брнз од „Криволак“: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk