ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема причини за стравувања од траен недостиг на млеко, велат преработувачите

September 14, 2022 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Производството на сурово млеко е намалено, пред се, поради сушата и поскапувањата на добиточната храна, но воопшто не може да стане збор за траен недостиг, ниту има простор за такви стравувања, велат преработувачите, пренесува МИА.

Според нив, двете страни – и преработувачката индустрија и производителите соочени со енормниот пораст на трошоците и поскапувањата на енергенсите за 400 – 500 отсто, вложуваат максимални напори да ја зголемат откупната цена која во однос на минатата година бележи раст од околу 40 проценти, а кај фармерите со висок квалитет е и над 50 отсто.

Предизвиците во македонската млечна индустрија не се ништо ново. Ако се потсетиме на 2011-та и 2016 година, ќе видиме дека темите биле исти. Во тековниот период производството на сурово млеко е намалено првенствено поради сушата и поскапувањата на добиточната храна од чиј увоз сме традиционално зависни. Сепак, може да се каже дека не се работи за траен недостиг на млеко, нема причини за такви стравувања. Мора да се каже и дека за перцепцијата на недостиг придонесува и зголемената побарувачка и купување поради гласините дека млеко ќе нема, вели за МИА Ѓорѓи Петрушев, претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко, како и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија.

Петрушев порачува дека „во ваква ситуација би било добро конечно да дојде и до реализација на најавената исплата на сите заостанати субвенции за литар предадено млеко, како и на најавените интервентни два денара за дел од млекото предадено во 2022 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера најави дека Интервентната програма ќе биде дополнета со мерка за финасиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Пред два дена, пак, министерот Љупчо Николовски потврди дека млеко ќе има. Како што рече, ќе се обезбедуваат доволно прехранбени производи, а така ќе биде и за млекото.

Во рамки на договорот за обезбеденост со храна што го склучивме на последниот Самит на Отворен Балкан, се формираше и Комисија која ги анализира сите складишни капацитети на трите држави со цел да ги обезбедиме граѓаните со основните продукти. Ние за 30 отсто предлагаме зголемување на основните субенции по грло во делот на сточарството, ги елиминираме сите мерки кои се злоупотребуваа до сега на база на сите анализи и верувам дека овој концепт ќе даде сериозна поддршка во делот на сточарството, како и останатите мерки од Програмата за рурален развој, истакна Николовски.

Од Министерството за економија за МИА нагласуваат дека во континуитет се следи состојбата на пазарот со основните прехранбени производи во кои влегува и млекото.

За таа цел во изминатиот период се донесоа две значајни мерки: ограничување на трговската маржа до 10 отсто на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти со важност до 30 септември 2022 и во тек се анализи за оправданост на трговската маржа и евентуално продолжување за следниот период, како и укинување на царински стапки за увоз од светот на два тарифни броеви од царинската тарифа на именување на млеко и павлата и тоа за некoнцентрирано и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со тарифен број 0401 50 39 00 со царинска стапка од 20 отсто и за кoнцентрирано или сo дoдаден шеќер или други материи за засладување со тарифен број 0402 91 59 00 со царинска стапка од 15 тсто. Примената на укинатите царински стапки од 20 на 0 и 15 отсто на 0 проценти почна да се применува на 1 септември 2022 и ќе важи до 31 декември 2022 година, напоменуваат од Министерството за економија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Жители на Врање одат по млеко во Северна Македонија

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk