Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Мислам дека треба да се активира Извршната наредба на претседателот Бајден во која, меѓу другото, стои дека:
Активностите на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и активност на опструкции во ситуацијата на Западен Балкан, кои спречуваат напредок кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
Ние во Северна Македонија имаме лица групи и структури, цели партии, вмро-дпмне, левица, кои вршат опструкции и го спречуваат напредокот кон ефективно демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции.
Ништо друго не прават.
Меѓу другото, против се сите договори за добрососедство.
Тие се однесуваат како американски манијак кој со три полуавтоматски пушки и шест пиштоли дивее по некое средно училиште на Средниот запад.
Борбата со нив е, пред сè, наша внатрешна работа, но сосема е јасно дека нивните активности се деструктивни и регионално и континентално и ги загрозуваат и интересите на САД, така што би било добро САД да ги санкционираат и како непријатели на Америка и на сиот слободен свет. Дотолку повеќе што се работи за отворено проруски елементи со идејни, технички и финансиски врски со Москва.
Текстот е личен став на Авторот.