ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лани намален бројот на случаи во кои се применети посебни истражни мерки

September 20, 2022 15:44
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Намален е бројот на случаи во кои се применуваат посебните истражни мерки во 2021 година во споредба со претходната година, покажува Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2021 година што беше усвоен денеска на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Јавниот обвинител Џелал Бајрами со полномошно од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, го образложи Извештајот и нагласи дека во 2021 година има пад на спроведување на овие мерки во споредба со 2020.

Забележително е дека има намалување на бројот во кои се применуваат посебните истражни мерки во текот на 2021 година во однос на 2020 година и тоа и во бројот на случаи и во бројот на опфатени лица, а бројот на предмети кои биле опфатени со мерките е речиси идентичен, стои во Извештајот.

Како и минатите години, се дополнува во документот, забележително е дека посебните истражни мерки во најголем број на случаи се применувале за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ од член 215 од Кривичниот законик, додека за другите кривични дела определени се во помалку случаи.

Според податоците за примена на посебни истражни мерки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во извештајниот период водени се постапки во 28 случаи, од кои во пет случаи се по иницијатива на јавното обвинителство, а во 23 случаи иницијативата потекнала од Министерството за внатрешни работи, се дополнува во извештајот.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, забележа дека во Извештајот недостига делот со финансиските импликации за употребата на посебните истражни мерки.

Мислам дека ова е трет извештај што го разгледуваме во овој состав на Комисијата без финансискиот дел од Извештајот, рече тој и побара да не се испушта она што претставува обврска со закон.

Во заклучокот од Извештајот, пак, стои дека примената на посебните истражни мерки за Јавното обвинителство не предизвикува финансиски импликации со оглед дека мерките ги спроведува Министерството за внатрешни работи, а тоа не доставува извештај за трошоци за примена на овие мерки.

Неопходно е да се истакне дека во однос на 2020 година, примената на посебните истражни мерки во 2021 година била поефикасна, времетраењето на нивната примена е намалено и поголем број случаи завршиле со понатамошни постапки, отворање на истрага и подигнување на обвинение, стои во заклучокот.

По исцрпувањето на расправата, Извештајот беше усвоен и ќе биде проследен на понатамошна процедура во Собранието.

Next Post

Министерот за локална самоуправа Милевски поднесе оставка до Владата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk