ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

September 21, 2022 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното онлајн вклучување од Брисел, во „Студио 10“ на ТВ24, изјави дека важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите и дека верува дека има во ВМРО – ДПМНЕ и пратеници и политичари кои ја сфаќаат тежината на овој процес, кои сфаќаат дека овој процес е неповторлив и дека не треба сами да се закочиме себе по прифаќањето на францускиот предлог, односно по земањето на обврската за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот.

Јавно го повикувам Александар Николоски како претседател на националниот совет за европска интеграција да седнеме и да разговараме на кој начин тоа тело а со тоа и опозицијата ќе има улога во овој процес. Ние во текот на скринингот ќе треба да утврдиме преговарачки позиции, тоа значи дека треба да се обврземе за колку време можеме некои работи да ги прифатиме и да ги исполниме. Во тоа има улога и Собранието, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ содржински тоа не би требало да биде проблем бидејќи тоа го имаат кажано неколку политичари од ВМРО – ДПМНЕ, дека не е проблем содржински да се внесат Бугарите во Уставот бидејќи нашиот Устав познава повеќе заедници, признавање на повеќе заедници со сите нивни права.

Главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ мисли дека консензусот за наше членство во ЕУ треба да се обнови и дека не би било фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, ниту пак кон државата бидејќи и онака доволно чекавме, доволно бевме блокирани и имавме пречки досега.

Ние се боревме како Влада да оствариме две битни цели. Едната е да си ја оствариме нашата надворешна политичка цел за членство во ЕУ, да не остане таа само на хартија и само во теорија. Втората е да си го заштитиме нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик. Јас сметам дека тоа е возможно. Дека ние може да влеземе во ЕУ во догледно време како Македонци кои говорат македонски јазик. Ако тоа го сфатиме и работиме на таа кауза и како политички партии и како поединци и како медиуми и општествени чинители можеме да го постигнеме сето тоа. Ова е задача на целото општество, порача Маричиќ во „Студио10“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk