ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Денот без автомобили одбележан во нашата државата

September 22, 2022 20:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со велосипедски дефилеа во повеќе градови во државава, во кои учествуваа граѓани, ученици, рекреативци, ентузијасти и вљубеници во велосипедизмот и пешачењето, денеска во нашата држава беше одбележан 22 Септември – меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ). Оваа година кампањата се спроведуваше под мотото „Комбинирај и движи се“ и е со цел да се промовираат и комбинираат алтернативните, одржливите и заедничките форми на транспорт, како начин да се намали употребата на автомобили и да се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот, со што би се остварила визијата на европската стратегија за декарбонизација, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во велосипедските паради по градските улици и булевари, се приклучија и повеќе граѓани, кои со своето присуство покажаа дека користењето на велосипеди и пешачењето стануваат сѐ поприфатени како поздрави и поекономични начини на движење низ урбаните средини.

Европската недела на мобилност се одржа од 16-22 септември, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање како национален координатор, а годинава во одбележувањето официјално се вклучија 4 градови низ државава, и тоа Велес, Прилеп, Струмица и о.Карбинци, меѓутоа бројот на градови кои со свои активности организираат настани во рамки на Европската недела на мобилност и своите можности е многу поголема.

Во текот на целата недела, во дел од градовите се организираа настани за подигање на јавната свест и за промоција на перманентните мерки реализирани во текот на годината, со кои се овозможува користење на алтернативни начини на транспорт и во кои беа вклучени локални авторитети, граѓански организации, компании од бизнис секторот, меѓународни претставници и организации и индивидуални граѓани. Преку овие активности беше потенцирана целта и значењето на кампањата – подигање на културата за одржлива мобилност во урбаните средина и стремеж кон помасовна употреба на алтернативните форми на транспорт.

Како информација, оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2895 градови од 47 држави од Европа и светот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk