ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Договорот со Фронтекс е во завршна фаза, ќе го потпишеме во октомври

September 22, 2022 18:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето 24-Правда, слобода и безбедност, пред претставниците на Европската комисија го најави потпишувањето на Договорот со Фронтекс, информира владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП).

Задоволен сум што преговорите за Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, се завршени и што наскоро ќе го потпишеме овој важен договор, на македонски јазик, а во присуство на еврокомесарката за внатрешни работи, Јохансон, рекол Маричиќ на состанокот.

Вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ оценил дека овој договор е чекор кон подобро управување со границите и управување со нерегуларната миграција, што, какко што потенцирал, е заеднички интерес и на Северна Македонија и на Европската Унија, како што беше докажано во минатите времиња, особено за време на мигрантската криза во 2015 година.

Во воведно излагање, вицепремиерот  Маричиќ посочил дека областа на правда, слобода и безбедност е од особено значење со оглед на растечката рамка на заеднички правила за прашања како што се граничната контрола, визи, надворешна миграција, азил, полициска соработка, борба против организираниот криминал, борба против тероризмот, соработка во полето на дрогата, царинската соработка и судската соработка во кривичното и граѓанското право.

Професионалната, доверлива и ефикасна полициска организација е од огромно значење во преговорите со Унијата. Политиките за миграција и управување со границите се исклучително важни и нивниот развој влијае на насоката на социо-економскиот развој на земјата, како и насочувањето и контролата на мерките што се преземаат за заштита на безбедноста на земјата и граѓаните, рекол Маричиќ.

Во однос на постигнувањата во изминатиот период на полето на борбата против организираниот криминал, истакнал дека Северна Македонија на оперативно ниво учествува во голем број заеднички активности со земјите-членки на ЕУ и соседните земји, напоменувајќи дека државава има на располагање широк спектар стратешки документи, кои се засноваат на релевантни стратегии на ЕУ во повеќе области.

Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал континуирано презема активности за меѓуинституционална координација и размена на податоци и информации помеѓу сите инволвирани институции, со што ги поддржува активностите што ги преземаат во сузбивање на организираниот и сериозен криминал, заклучил Маричиќ.

Од СЕП најавуават дека утре продолжува објаснувачкиот состанок за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“, на кој Европската комисија, пред македонските и албанските преговарачки тимови, ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/2019 година.

Next Post

Испратена официјална покана до Северна Македонија за Самитот на Европската Политичка Заедница

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk