ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сочна кајгана и сеќавање на лудачки призори

September 22, 2022 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИ

Во некои утра, признавам, потребни ми се повеќе јаглехидрати од некои други утра во кои не ми е потребен никаков доручек. Не знам дали тоа е од вечерниот интернет, од прочитаниот текст или погледнатото видео, ама приметувам дека штом прочитам и погледнам одвратни текстови и застрашувачки видео-призори, следното утро организмот ми бара многу јаглехидарти.

Да речеме синоќа погледав неверојатни призори на твитер, Путин мава-ли-мава, апси-ли-апси. Се разбудив ова утро многу рано, и трк во најблиското кафанче по обилна и „наакана“ кајгана. Дали побегнав од вечерашниот призор на интернет или во кафанчето барав оддишок од сопствениот живот, тоа веројатно е прашање за СТРУЧНИ ЛИЦА, ама така беше, чесна пионерска.

Ама од што човек и би се одмарал ако не одмара од сопствениот живот?

Утрото беше убаво, сончево и бистро, луѓето во кафанчето брблаа за своето секојдневие, а мене ми се присторува како да зборуваме на два различни јазика. Мојот јазик и нивниот јазик се две различни работи. И тука сум во однос на нив, барем што се однесува до „мојот јазик“, во предност. Мојот говор, мојот дијалект и нивниот говор и дијалект, едноставно го исчитувам како двојазичност, двокомпонентност, „нечистост“, што од друга страна тоа мене ме прави повеќе отпорен на болестите на национализмот.

Имено, да ви признам, ги гледав синоќа призорите на Твитер како опседнат, таа Путиновата Русија денес е пекол на земјината топка. Се присетувам како со интезитет ги гледав и призорите во Собранието од 27 април 2017 година; како низ флешови, пред очи ми дојде крвавата глава на Зоран Заев, потоа како Радмила Шекеринска некој машки дивјак ја влече за коса и ја фрла на под, потоа ми дојдоа слики од луѓето кои се обидуваа да се симнат од балконот, некои госпоѓи кои ги соблекле чевлите, па во чорапи-најлонки се симнуваат долу… Во тоа сеопшто понижување на неистомислениците, оние де, кои не се патриоти според строгата дефиниција за патриотизам кои секогаш го дефинираат некои примитивци и агресивци, има нешто тука и од воведот во Аушвиц, од воведот во логор.

Кога жена се дотерала за одење на седница во Собрание, па ја натераш да ги соблече чевлите и да се симнува од балкон, тогаш тој призор е вовед во Аушвиц. Во ноќта на ужасот, се присетив и на тоа, Ѓорге Иванов, претседателот на државата и покровител на тие кои маваа, вечерта се слушнал со Кремљ. И Кремљ му дава поддршка за да ги „примени мерките“, ни велеше во тоа време Иванов. А „примена на мерките“ во тоа време значеше вовед на вонредна состојба, така што теророт кон неистомислениците требаше да биде формализиран, допонително, тоа значеше дека теророт и мавањето ќе стане легален и легитимен облик на општествено-политичкиот живот во Македонија.

Се разбира, тоа нужно ќе подразбираше и тоа дека патриотите ќе ги тероризираат оние другите, ама никако обратно. Ако оние другите ги тероризираат патриотите, тогаш во нивните глави тоа се означува како антидржавна и антинационален бунт, тогаш тоа е агресија која, во таа прилика, се брани нацијата и мора секој граѓанин да стане, и во таа прилика треба да се активира и меѓународната заедница.

Не само што овие превирања треба да ни останат засекогаш врежани во нашите глави, туку превирањата од 27. април се поучни за тоа што всушност се патриотите. Сите патриоти на овој свет се исти патриоти. Без разлика дали се српски, хрватски, македонски или руски.

Сите тие патриоти кои се спремни на насилство, присетете се ве молам на влечењето за коса на Радмила Шекеринска, во Бога не веруваат. И дека во Бог не веруваат оние кои ги натераа жените од балкон да се симнуваат на земја.

Од друга страна, мојот сериозен проблем со Црквата, и тоа со секоја црква, е во тоа што нејзините прваци најчесто ја застапуваат раката која ја повлекува жената за коса, отколку што ја застапуваат онаа страна која е изложена на насилство. Тоа, пак, со Бога, се разбира, најмалку има врска, ама има врска со Божјото разбирање на земјата.

Додека јадам кајгана и се присетувам на овие работи, на соседната маса слушам кајшто зборуваат луѓе околу оваа тема. Многу повеќе ми се допаѓа како тие зборуваат одошто она кое го слушавме на телевизија во тоа време. Ви велам, навистина, подобро ми е да ги слушам овие луѓе иако од никогаш не сум верувам во демагогијата на „малиот човек“ и оние кои проповедаат исправност и чистота на таканаречениот „мал човек“.

Штета што немам карактери за да ви го опишам денешното сонце. А кајганата, мајко мила, прсти да излижеш.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk