ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тасевски: Интензивирањето на соработката меѓу секторите на јавната и приватната безбедност е важно за БЈБ и МВР

September 22, 2022 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Директорот на Биро за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, денеска се обрати на научно-стручна дебата на тема „Јавната и приватна безбедност – преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани” во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет во Скопје.

Дебатата, соопштија од МВР,  претставуваше и промоцијата на книгата „Јавната и приватна безбедност – координација и соработка”, која е резултат на истражувачката студија „Јавната и приватна безбедност – координација и соработка”, и содржи резултати од истражувачкиот проект што го поддржа Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување. Проектот е реализирн од тим од Филозофскиот факултет во Скопје во состав: проф. д-р Оливер Бакрески, проф. д-р Марјан Ѓуровски и м-р Лета Барџиева Миовска, воедно и автори на книгата, а голема важност, стои во соопштението, има и ангажманот на МВР односно на директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски, особено при спроведувањето на истражувањето во МВР.

Пред во обраќањето Тасевски се осврнал на појавата на приватната безбедност како потреба за заштита на приватната сопственост, а низ светските искуства, се повеќе добива во надлежност и во сложени безбедносни задачи, особено во делот на безбедноста на приватните правни субјекти и компании.

Тој потенцирал дека Министерството за внатрешни работи е свесно дека остварувањето на соработка меѓу приватното обезбедување и јавната безбедност е сложен и комплексен процес, што најдобро се ефектуира кога постои формализиран начин на комуникација на заинтересираните страни, преку континуирана размена на информации и мислења.

Она што е суштествено битно за полицијата, по однос на приватното обезбедување, неговата улога и позиција, покрај принципите на: соодветната селекција на вработените, компетентност, моралниот и етички интегритет, но и техничката опременост на приватно обезбедување, се и решенија што директно ќе водат кон продлабочување на соработката, нејзина поголема функционалност и ефикасност, истакнал директорот Тасевски.

Во таа насока, нагласил тој, за Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност, од несомнена важност е интензивирањето на соработката и комуникацијата помеѓу двата сектори (јавната безбедност и приватната безбедност), и секако определувањето на јасни протоколи за соработка преку кои ќе се манифестира заедничко и усогласено дејствување на јавниот и приватниот сектор.

Потоа, проактивен пристап во спречувањето на вршење на кривични дела, особено кога станува збор за заштита на имотот и безбедноста на компаниите, односно намалување на безбедносните ризици, закани и загрозувања преку примена на законски пропишаните овластувања за физичко и техничко обезбедување, како и континуирана двонасочна едукација заради јасно и доследно запазување на принципите на легалитет и легитимитет, во делувањето и постапувањето, нагласил директорот Тасевски.

Меѓу другото истакнал дека студијата се фокусира на кохабитација меѓу двата безбедносни сегменти, на подигнувањето на нивото на функционалност, и контрибуција меѓу јавниот и приватниот сектор со што ќе се даде заеднички придонес во градењето одговори против заканите што оставаат силни импликации врз безбедноста и загрозувањето на луѓето и нивниот имот.

Предизвикот уште повеќе е за почитување поради самиот факт што соработката и координацијата меѓу јавното и приватното обезбедување е комплексна и тешка задача, и дека координацијата и соработката се одликуваат со голема специфичност и сложеност. Секако дека тоа не е ниту лесно, ниту едноставно, но како што впрочем потенцираат и самите автори почитуваните професори Бакрески, Ѓуровски и м-р Барџиева Миовска сето ова бара целосна вклученост на сите заинтересирани фактори во тој процес на партнерство – и ние како полиција и приватното обезбедување од своја страна бидејќи знаењето и искуство се од непроценливо значење за да се обезбеди соодветно дејствување независно на условите и потребите”, навел во обраќањето директорот Тасевски.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нови 57 случаи на Ковид-19 од 704 тестови, двајца починати и 90 оздравени пациенти

НАЈНОВО

Ветераните на Брегалница и Црвена ѕвезда ќе одиграат натпревар во Штип по повод 100 години постоење на клубот

September 3, 2025

Раул кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче: Ако АНБ не ги декласифицира информациите, ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk