ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Северна Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење

September 26, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се обрати на Бизнис форумот на стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Од Владата информиарат дека во рамки на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи  имал билатерална средба со хрватскиот вицепремиер и министер за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговарале за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ, како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.

На средбата, како што се наведува, двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Северна Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја, се вели во соопштението.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави, на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а учествуваат претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

 

Next Post
ukrinform.ua

Руски воени злосторства и повреди на човекови права во Украина: 391 дете загина, осум новинари се убиени од почетокот на војната

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk