ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Две во едно, прва италијанска премиерка и враќање на фашизмот

September 26, 2022 10:24
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Постизборното утро во Италија донесе една добра вест:  стана извесно дека една од најмоќните држави во Европа за првпат ќе добие жена на премиерската функција. Добрите вести завршуваат тука. Џорџа Мелони е на чело на партијата со „машко“ име – „Браќа на Италија“ што е најрадикална десничарска партија во италијанскиот политички мејнстрим – нескриено негувајќи ги фашистичките традиции.

Џорџа Мелони и нејзините „Браќа на Италија“, со освојувањето на најголем број гласови на италијанските избори на 25 септември, го исполни сонот на италијанските десничари уште од деновите по Втората светска војна – враќање на фашизмот. Сто години по Маршот на Рим, по што Бенито Мусолини ја доби власта во 1922 година, на парламентарни избори победува екстремната десница во Италија чија политичка агенда се билда врз наративите на евроскептицизмот, национализмот, ксенофобијата, хомофобијата и „традиционалните семејни вредности“ што ја враќа општествената положба на жената со децении наназад.

Со жестоки говори против „лобито на ЛГБТ заедниците“, Мелони тргна во „одбрана“ на жените и семејството. Таа за себе тврди дека, всушност, го брани „родовиот идентитет“, но тоа во прогресивната јавност во светот се нарекува genderwashing. (Genderwashing – ситуација во која политичарите и корпорациите тврдат дека се залагаат за правата на жените, а во пракса го прават токму обратното).  Таа жестоко се нафрли и на светскиот филантроп Џорџ Сорос, нарекувајќи го „меѓународен шпекулант“ кој ја финансира „глобалната миграција“ која ги загрозува „белите Италијанци“.

Мелоне е одушевена и од современите авторитарни ликови како француската ултрадесничарка Марин Ле Пен. Не ја криеше ниту својата поддршка за рускиот диктатор и воен злосторник, Владимир Путин, но по почетокот на целосната агресија против Украина, таа јасно застана на украинска страна.

„Сите ние сме потомци на Ил Дуче (Мусолини)“ – кажа повеќепати сенаторот и основач на „Браќата“, Игнацио Ла Руса, во дебатна емисија во италијанското предизборие. Џорџа Мелони дефинитивно го отсликува деценискиот стремеж на италијанската десница – континуитет на „ликот и делото“ на Бенито Мусолини, мрачната и крвава италијанска историска епизода која ѝ претходеше на Втората светска војна.

Враќањето на фашизмот во Италија не можеше да биде во полош момент за Европа, но секако дека не може да се каже дека победата на фашистите на парламентарните избори е неочекувана. Десницата повторно е во офанзива.

Со години наназад, во италијанската политика доминира крајната десница. Италијанската колоритна политика не отстапува од исклучително бурниот медиумски пејзаж во кој преовладуваат, колку сензационалистички, толку и антидемократски концепти. Најдобар пример за тоа е медиумскиот конгломерат на контроверзниот Силвио Берлускони кој беше премиер дури три пати (1994-1995, 2001-2006, 2008-2011).

И македонската јавност имаше можност да се запознае со ефектите на италијанскиот сензационализам. Сè уште се свежи сеќавањата на пропагандната операција што резултираше со судскиот процес „Рекет“. Таа афера се лансира и се води преку „Ла Верита“, инаку медиумско гнездо на Матео Салвини, ексминистер за внатрешни работи (2018-2019).


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk