ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Петровска, Холштајн и Вамслер: Mакедонско-германската одбранбена соработка интензивно се развива

September 26, 2022 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно-воената соработка, беа теми на разговор на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставеното одбранбено аташе потполковникот Ханс Петер Вамслер.

Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни, истакнала министерката на состанокот.

Петровска, Холштајн и Вамслер, како што соопшти Министерството за одбрана, разговарале и за моменталните случувања на европскиот континент при што се согласија дека НАТО останува обединето во својата цел – одвраќање и одбрана на територијата на Алијансата, а повикале и на деескалација и итен прекин на воените дејствија во Украина и решавање на сите отворени прашања преку дијалог и по дипломатски пат.

Северна Македонија и Германија во областа на одбраната соработуваат од 1996 година. Германски експерти за персонален менаџмент беа вклучени како советници во изработката на клучниот документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед, а во рамките на билатералната соработка во германските центри за едукација и обука се школувале околу 200 припадници на Армијата. Соработката вклучува и обука по германски јазик која ја имаат посетено околу 200 армиски припадници, а Германија го одобри и барањето за проширување и продолжување на постојната бинационална соработка на вооружените сили на двете држави преку годишни програми и програми за воена помош до 2023 година.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и сите стратешки одлуки на земјата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk