ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, тврдат владејачките партии

September 27, 2022 09:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, како и на скрининг процесот на ЕУ, тврдат владејачките партии по превирањата во Демократската унија за интеграција.

За информациите поврзани со ДУИ вчера на прес-конференција одговараше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на оваа партија. Тој ја нарече лажна вест информацијата за негова смена и посочувајќи дека таа не заслужува никаков коментар.

За отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.

Прашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните, додаде Османи.

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висар Ганиу, во отворено писмо побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаат лидерот на партијата Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство. За состојбите во партијата тие го обвинуваат Артан Груби.

И од владејачката СДСМ излегоа со тврдења дека мнозинството е стабилно и дека Владата работи на менаџирање на кризата и на скрининг процесот.

Тоа се внатрепартиски работи, се изјасни вчера претседателот на партијата, јас не би го коментирала. Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на економската и енергетската криза, како и на скрининг процесот кој веќе тече, изјави за МИА вчера портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска Кузеска повторувајќи го ставот на партијата.

Синоќа во телевизиска емисија ставот го повтори и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.

Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна Костадинов.

Тој додаде дека засега има информации дека од владиниот тим ќе се менува само Горан Милевски од Министерството за локална самоуправа кој даде оставка и нема најави за дополнителни промени.

Ситуацијата со ДУИ е внатрепартиска и не би ја коментирал, додаде Костадинов.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оставката ја поднесе минатата недела, но таа се уште не е доставена во Собранието и нема официјални информации кој би дошол на оваа позиција.

 

В. д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање за можен влез во Владата рече дека доколку тие добијат понуда за да влезат во владината коалиција ќе ја разгледаат, но оти досега не добиле таква понуда.

Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, рече Таравари.

Таравари по барање на новинарите се осврна и на последните случувања во ДУИ, напоменувајќи дека не сака да коментира случувања во другите политички партии, но оцени дека е започнат распадот на ДУИ и оти тоа, како што рече, наскоро ќе се случи.

Next Post

Најмногу дожд на Попова Шапка

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk