ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Исмајлоска: Мицкоски пред неполна година сметаше дека Отворен Балкан е добра иницијатива, а сега ја кочи правејќи се дека не ѝ ја знаел суштината

September 29, 2022 10:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски пред неполна година за српска Политика изјавуваше дека Отворен Балкан е добра можност за олеснета комуникација на земјите од регионот, а деновиве сосема спротивно се чуди како можеле да соработуваат две земји што не се граничат (Албанија и Србија) и дека немал информации за иницијативата, реагира во објава на Фејсбук Нора Исмајлоска Старова, Национална координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

„Во меѓувреме, Отворен Балкан порасна, се отворија зелени ленти за брз проток на камиони на границите, се организираше врвен регионален Саем за вино, храна и туризам и се оформија кризни групи за помагање во снабдувањето со храна и енергија за што секојдневно известуваат медиумите, ама ете Мицкоски одлучил дека не е информиран и дека немало да даде поддршка за Отворен Балкан“, истакнува Исмајлоска Старова.

Таа вели дека намерата е очигледна, да се кочи и блокира.

„Со ратификација на договорите кои ги блокира, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, нагласува Исмајлоска Старова.

Исмајлоска Старова набрoјува информации за иницијативите и придобивките од Отворен Балкан, како што вели – Иницијативата со најголема поддршка од граѓаните на регионот

  1. Побрз проток на стоки преку признавање на авторизираните економски оператори и взаемното признавање на ветеринарните сертификати. Сигурно секој познава барем еден сопственик на компанија од многуте задоволни. Со ова овозможивме побрз проток на стоки. За уште подобри резултати потребна е ратификација на договорот кој е заглавен во Собрание.
  2. На Саемот за вино, храна и туризам 42 винарии, 3 дестилерии, 10тици производители на храна, дел од најдобрите македонски готвачи имаа можност за промоција на македонскиот квалитет. Имаа бројни состаноци кои носат потенцијал за извоз и нé направија горди со многу награди и пофалби кои ги добија.
  3. Бројките во туризмот растат. Следуваат уште квалитетни проекти од таа област.
  4. Соработката помеѓу институциите на трите држави е на одлично ниво, професионална и пријателска. Вклучени се луѓе кои се експерти.
  5. Со OB ID ќе ја отвориме можноста за слободно движење и пристап до пазарот на трудот. Идентификациониот број ќе се користи и за низа други поволности во иднина.
  6. Даночните управи разменуваат искуства и најдобри пракси за сите да напредуваат и бидат поквалитетни за граѓаните.
  7. Имаме договор за брза реакција во случај на природни катастрофи
  8. Вчера се договори Отворен Балкан театарски фестивал а, има договор за соработка и во кинематографијата и визуелните уметности.
  9. Најавуваме поглавје заеднички да привлекуваме инвестиции 10. Млади, можности, нови хабови, нови бизниси, нови убави вести

Taa истакнува дека регионалната соработка е важен сегмент за развојот на македонските потенцијали и побрза европска интеграција.

Регионалната соработка не е врзана со граници меѓу две држави како што е неговата дилема, туку е начин за зближување и напредок, потенцира Националната координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

July 7, 2025
Фото: ВИ

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

July 7, 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk