ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Публиката од трибините ја порази Македонија

Хулиганска какофонија од свирежи, извици, навреди, на радикалите од бугарска страна ќе им даде аргумент за нивните тврдења дека во земјава се шири антибугарска хистерија

September 29, 2022 10:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ / Слободен Печат

„Да ја оставиме политиката на политичарите, ние сме спортисти и само тоа треба да нè интересира. Јас по мечот во Разград се заблагодарив на приемот, а сега ние треба да возвратиме на ист начин. Нè интересира само спортскиот аспект. Ја повикувам публиката да биде коректна”.

Напразно селекторот Благоја Милевски го упати овој апел, зашто прексиноќа, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, пред фудбалскиот натпревар Македонија – Бугарија од Лигата на нациите на УЕФА, од илјадници грла одекнаа свирежи за време на емитувањето на бугарската химна.

Ехото од овој нецивилизиран чин уште долго ќе одекнува во ушите на европските челници, кои ни праќаат експерти за да го надминеме толку актуелниот говор на омраза. Додека потписничките на Договорот за добрососедство изнаоѓаат начини како да се надмине приземниот јавен дискурс, не само на социјалните мрежи, туку и воопшто, „на терен“ еруптираа зовриените страсти.

Хулиганска какофонија од свирежи, извици, навреди, па дури и трескање по најблиското што им се најде на дофат, на радикалите од бугарска страна ќе им даде аргумент за нивните тврдења дека во земјава се шири антибугарска хистерија. Сите оние што имаат интерес од натамошно влошување на односите помеѓу двете држави, кои не сакаат Македонија да стане членка на Европската Унија, веднаш реагираа со барање да бидеме казнети.

Аплаузите и бодрењата на своите миленици паднаа во сенка на погрдните извици упатени кон гостинските фудбалери. А толку им требаше поддршка на македонските фудбалери, кои по исклучувањето на Тодороски веќе во 14 минута останаа само десетмина на теренот. Наместо навивачите да им помогнат (ги имаше речиси 20 илјади), само им одмогнаа. Видлива беше нервозата кај играчите на двата тима што резултираше не само со црвениот, туку и со неколку жолти картони.

Колку и да се исфрустрирани и лути Македонците и граѓаните на Македонија во врска со политиката на Бугарија кон нашата земја во последно време, исвиркувањето на химната и скандирањата „Бугари Татари“ не може да се оправдаат. Особено не на спортските терени, тој мегдан што по дефиниција треба да биде натпревар во витештво и ферплеј. Настрана што гостите во земјава, од каде и да се, треба да се третираат со гостопримство и со почит, без разлика на политичките односи. Тоа е правило од кое не треба да се отстапи. Парадоксално, голем дел од истите тие спортски фанови што свиркаа, претходно на социјални мрежи веројатно барале политиката да ги тргне рацете понастрана од спортот.

И од спортски аспект профитираше фудбалската селекција на Бугарија. Иако влеговме како фаворити во овој натпревар, бугарските фудбалери рекоа дека исвиркувањето и навредите додатно ги мотивирале за да победат по четири години без победа на гостински терен. Тоа им успеа токму на жешкиот терен во Скопје, со што постигнаа повеќекратен ефект – нè минаа на табелата, односно ни го презедоа второто место и избегнаа полошо рангирање спроти наредната ждрепка. За разлика од Македонија!

Исвиркувањето туѓа химна пред спортски меч не е никаков знак на патриотизам, туку е недостиг на спортска култура и цивилизациска пристојност, а го понижува, пред сè, оној што свирка, а не за исвирканиот. За жал, пропуштивме шанса за вистинска реакција од трибините – да покажеме гест на добра волја, со кој ќе покажеме дека сме над игрите на официјална Софија во однос на Македонија. Така ќе порасневме во очите на светот. Вака, си дадовме автогол. Чин што боли повеќе од поразот на фудбалскиот терен.


Преземено од Слободен Печат. Текстот е личен став на Авторот

 

Next Post

Септемвриските пензии повисоки за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk