ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Белгија инфлацијата се искачи над 11 отсто, во Геманија рекордни 10 отсто

September 29, 2022 19:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 отсто во септември, што е највисоко ниво во речиси пет децении, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Таа цифра, која во претходниот месец изнесуваше 9,94 отсто, е највисока за Белгија од август 1975 година, објави белгискиот завод за статистика Статбел, пренесува МИА. Главната причина за брзиот раст на инфлацијата во последните месеци беа високите цени на енергијата.

„Енергијата во моментов има стапка на инфлација од 60,54 отсто и учествува со 5,39 процентни поени од вкупната инфлација“, се вели во соопштението. Цените на храната, исто така, се зголемија во изминатите месеци, соопшти Статбел.

„Инфлацијата на прехранбените производи (вклучувајќи ги и алкохолните пијалоци) овој месец изнесува 10,40 отсто, а придонесот на прехранбените производи во инфлацијата во моментов е 2,03 процентни поени“, се додава во соопштението.

Стапката на инфлација во Германија се искачи на 10 отсто во септември, достигнувајќи ново највисоко ниво откако заводот за статистика располага со споредливи податоци, поттикнати од забрзаниот раст на цените на енергијата и храната. Во август стапката на инфлација изнесуваше 7,9 отсто.

Проценката за септември го покажува најсилниот раст на цените од 1996 година.

Агенцијата ДПА истакнува дека некои сојузни држави не забележале толку висока стапка на инфлација од 1950-те.

Цените на енергијата во септември биле за 43,9 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, покажуваат пресметките на Дестатис. Во август се зголемени за 35,6 отсто. Забрзан е и растот на цените на храната, на 18,7 отсто, од августовските 16,6 отсто.

Next Post

Гутереш: Не смее да се прифати најавената анексија на окупираните делови од Украина кон Русија:

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk