ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025 17:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Повлекување на државната телевизија ЕРТ и Грција од Евровизија следната година, поради учеството на Израел, бара грчката опозициска партија СИРИЗА, додека пак владиниот портпарол Павлос Маринакис нагласи дека станува збор за музички натпревар што обединува.

Од СИРИЗА преку соопштение посочија дека во време кога голем број европски земји, Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија се повлекуваат од Евровизија, во знак на протест против учеството на Израел, „Владата на Мицотакис одбива да донесе ваква одлука“.

– Владата е должна веднаш да ја напушти доктрината за стратешки сојузник со убиствениот режимот на Нетанјаху, кој врши геноцид во Газа. Елементарното почитување на народот на Палестина и страдањето со кое се соочува, бараат од Грција да се дистанцира од неодамнешната одлука на Европскиот радиодифузен сојуз, која го отвори патот за учество на Израел, и повлекување на ЕРТ од Евровизија, соопштија од СИРИЗА.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, ја обвини опозициската партија за лицемерие, запрашувајќи се дали имаат ист став и кога станува збор за Украина и додаде дека ако постоеше натпревар за лицемерие, „ќе добиевме 12 поени од сите земји“ и дека Грција ќе беше една од земјите, во однос на опозицијата „која постојано и масовно ќе добиваше 12“.

– За среќа, Евровизија е музички натпревар. Тоа е натпревар што обединува, натпревар на култура, каде што идеолошки опсесии и политички судири од ваков вид, со овие карактеристики, немаат место. И за среќа што немаат место, рече Маринакис.

Објасни дека по информации што ги добил од ЕРТ, на неодамнешното Генерално собрание на ЕБУ со речиси 70 отсто од гласовите било одлучено дека нема причина да се разгледа можноста за исклучување на учеството на државната телевизиска станица КАН од Израел од натпреварот.

Tags: ГрцијаЕвровизија
Next Post
Анаис

Девен хороскоп со Анаис - 12 декември

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk