ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Историски највисок поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 500 милиони евра

September 30, 2022 09:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата за само девет месеци од оваа година извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари. Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Само за споредба износот вратен кон фирмите во деветте месеци од оваа година е за 48,9 отсто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за 12 месеци од 2021 година,  додека во споредба со 2020 и 2019 година тој процент, е над 70 отсто, односно 72,8 и 75,5 проценти.

Ова, според МФ, кажува за зајакнатиот инспекциски надзор од страна на Управата за јавни приходи, поголемата ефикасност во наплатата на даночните приходи и со тоа овозможување забрзана реализација на поврат на ДДВ.

Податоците за извршениот поврат на ДДВ по години покажуваат дека тој износ од година во година расте. Така што за цела 2019 година е направен поврат од 17,5 милијарди денари, во 2020 година 17,8 милијарди денари, во 2021 година 20,6 милијарди денари и во 2022 година само за девет месеци има за 10,1 милијарда денари извршен поврат повеќе во споредба со 2021 година.

Извршениот поврат на ДДВ во 2022 година за деветте месеци е за 19,3 милијарди денари повисок во однос на повратот извршен во првите девет месеци од 2014 година.  Така што во 2014 година бил извршен повратот во деветте месеци во износ од 11,4 милијарди денари, 2015 година 12,1 милијарда денари, во 2016 – 11,6 милијарди денари, во 2017 – 13,8 милијарди денари, во 2018 – 17,5 милијарди денари, во 2019 и 2020 година по 18,2 милијарди денари и во 2021 година 30,7 милијарди денари.

Повратот на ДДВ кон стопанството значи поддршка на ликвидноста и конкуреноста на компании, а особено е значајно што тој се врши тековно и навреме и тоа дава одредена сигурност на компаниите, а што е особено значајно во услови на криза, како што е случај во последните години со Ковид 19 и актуелната енергетска и ценовна криза.

Ваквата динамика во процесот на поврат на ДДВ ќе продолжи и во иднина, со оглед на тоа што овој процес ќе има целосна автоматизација.

Next Post

Вистиномер: Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk