НАСА пренесува ексклузивни снимки и податоци за интерстеларата комета 3I/ATLAS, небесно тело што доаѓа однадвор од нашиот Сончев систем. Јавноста може да го следи настанот преку официјалните канали на агенцијата.
Според најавата од НАСА, ќе бидат презентирани најновите визуелизации и анализи собрани од повеќе мисии, меѓу кои хелиофизичките сонди, вселенските телескопи и мисиите што го следат движењето на комети и објекти со меѓуѕвездено потекло. Практично, ова е првпат агенцијата да објави синхронизиран сет податоци за 3I/ATLAS, вклучувајќи обработени снимки и можни промени во траекторијата.
Интересот за 3I/ATLAS расте уште од неговото откритие, затоа што спаѓа во исклучително ретката група меѓуѕвездени посетители, слични на Оумуамуа и кометата Борисов. Презентацијата треба да понуди нови сознанија за неговиот состав, боја, структура и однесување при поминувањето низ нашиот систем.
НАСА најави дека во текот на преносот ќе се вклучат и научници од повеќе институти, кои ќе го објаснат потеклото на податоците и значењето на забележаните кадрови.
Преносот е закажан во 21 часот по македонско време, а може да се проследи тука👇🏻







































































































