Дуа Липа ја искористи паузата од бразилската турнеја Radical Optimism за краток одмор во Рио де Жанеиро. Папараците ја фотографираа на кровниот базен на луксузен хотел со пет ѕвезди, само неколку дена пред концертот во Farmasi Arena.
Пејачката се релаксираше во црно-жолт бикини купачи и темни очила за сонце.
Вечерта претходно, Липа беше видена на вечера во познатиот ресторан Braseiro da Gavea, каде што привлече внимание со зелен корсет со детали комбиниран со фармерки. При излегувањето ја пречекаа десетици обожаватели кои сакаа да ја видат пред големиот настап во сабота.
View this post on Instagram
Минатата недела Липа настапи и во Сао Паоло, каде што го наполни стадионот MorumBIS и ги изведе најголемите хитови, меѓу кои One Kiss, Levitating и Don’t Start Now. Пејачката на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата од градот, меѓу кои и фотографија на која позира на хотелски балкон во краток леопард-фустан.












































































































