ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со референдум против загарантираните лични и колективни слободи на луѓето

September 30, 2022 11:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Тие се плашат ако во оваа земја човекот биде човек: пристоен, нормален и релативно среќен. Тие се плашат ако Бугарите ги ставиме во Уставот, а покрај нив ги ставиме и Црногорците и Хрватите. Се плашат, умираат од страв. Парадоксално, чекавме 17 години да ги почнеме преговорите, и кога конечно ги почнавме преговорите со Европската унија, заговорниците на референдумот се на мртво исплашени затоа што ни се отвара шанса за нешто навистина добро. А тоа е интеграција во Европската унија.

Умираат од страв дека Северна Македонија денес е најдобро позиционирана држава во Европа од било кога порано, а тие тоа не го сакаат. И сега, со референдумот, за кој се залага Апасиев и неговата бизарна Левица, планираат да ни се осветат во следните илјада години, или барем додека на оваа земја нè има, и уште ни велат премолчено, а толку очигледно: ние, наместо нив, да јадеме гомна.

Десет и повеќе години, прво со Груевски, а денес со Мицкоски и Апасиев, ја мамеа Европа, ги корумпираа претставниците на националните малцинства, им пружаа илузија дека во оваа земја се слободни и се дел од сите права кои ги има мнозинскиот македонски народ. Тие ни велеа со години наназад: ние не признаваме никого освен нас самите, а сите останати треба да ги прифатат нашите диктати.

Во својот бес, тие нема да се занимаваат со референдумот како таков, туку ќе се занимаваат со човечката физиологија. Од позиција на лажни авторитети, ќе се обидат да направат колективна колоноскопија, ќе им влегуваат на луѓето за да видат како им работи дебелото црево, во суштина тие му се ругаат на македонскиот народ дека не може да ги прифити Бугарите, Црногорците и Хрвтатите како малцински народи за да бидат дел од Уставот. Што реално е ноторна лага. Јас не познавам човек што има проблем Бугарите, Црногорците и Хрватите да не влезат во Уставот. Велам, не познавам човек што би имал реално проблем со тоа.

Да направам една мала дигресија и рипнеме за момент до Британија. Верувам дека ќе се сетите како беше артикулирана волјата на граѓаните во Британија со познатиот Брегзит. Што сè не се изнаслушавме со денови после гласањето: та оние кои гласале за Брегзит не знаеле за што гласале, та сега би гласале поинаку, та тие се глупави сељачини и инхерентни фашисти, та резултатите од референдумот не беше обврзувачки, туку беше консултативен, та сакаме нов референдум…

Кога за нешто ќе ги прашате „мицковистите“ и „апасиевците“, обично треба да се спремите за најлошото. Да, понекогаш може да испадне добро. Ама најчесто не. Тие демократијата никогаш не ја гледаат како работа на пристојни и толерантни луѓе. Јок, море!

Тие сакаат да го втурнат народот во најлошото, за само тие лично да извлечат корист и бенефит. И ништо повеќе и ништо помалку.

Референдумот, што се однесува до нашиот македонски случај, со жалење може да констатирам, е идеја на трети земји. Не на македонскиот народ, не на Европа, туку на трети земји. Идејата на Референдумот е идеја на агресорската Русија со сите нејзини пипци дома и во регионот.

Интересот на Русија е Северна Македонија да остане во лимбо позиција, преговорите да се запрат, а овде да се случува секојдневно прикриено (а понекогаш и отворено) насилство. Од тоа корист има само Русија и нејзините партии-сателити, како дома, така и во соседството.

Уште пред 30 години оваа држава се изјасни дека сака во ЕУ и НАТО, тоа беше добар, разумен и пристоен референдум. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ (и нејзиниот сателит Левица) беше против НАТО. А дополнително, Левица е и против Еевропската унија. Колку заради пример, до овој момент – ако имам добри информации – 74 пратеници денес во Собранието се за продолжување на преговорите со Европската унија, за НАТО и за влегување на сите малцински народи во Северена Македонија, вклучително и Бугарите, Црногорците и Хрватите.

Да завршам. Денес, во овој час, во овие минути и секунди, Северна Македонија е на добар пат, и ништо на оваа земја нема да ѝ наштети ако Бугарите, Црногорците и Хрватите влезат во Уставот. А референдумот е обратно: да ѝ наштети на земјата, народите, луѓето, лицата и насмевките кои егзистираат во оваа земја. А среќата, рамноправноста како и насмевката, и тоа како е заразна. Е, против тоа е вперен референдумот, а не само против Бугарите.

Целта на референдумот на Мицкоски и Апасиев е омразата во Македонија да стане уставна категорија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

Next Post

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 19 загинати, повеќето од жртвите се девојчиња

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk