ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија

October 2, 2022 11:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 66. Конгрес што се одржува во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство во Албанија  предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, информираше за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

За Резолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта на усвоениот документ  е подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија и зачувување на македонскиот идентитет и култура во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населени со чисто македонско население, рече Ѓурѓај, кој е еден од учесниците на конгресот.

ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија „за формирање на специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи во Република Албанија“ и бара од комисијата да го поддржи барањето на Македонците за формирање на посебни општини Голо Брдо и Гора.

Во Резолуција предложена од нашата страна стои дообјаснување дека во областа Голо Брдо, административните единици Требиште и Острени со претходниот закон се укинати и припоени кон општина Булќиза, додека административната единица Стеблево е кон општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населени со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики, а со формирањето на општина Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на областите Голо Брдо и Гора, посочува Ѓурѓај.

Според него, ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе прописи предвидени со овој закон.

Исто така, го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите одредби од Законот за малцинствата, а Владата да го прогласи 21 мај за Ден на националните малцинства во земјата.

Овој документ ФУЕН ќе го достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот против дискриминација, амбасади и меѓународни институции, наведува Ѓурѓај.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана од 16 мај 2015 година е рамноправен член на ФУЕН, со што стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е дел од ова асоцијација и е редовен учесник на Конгресите и другите активности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ

НАЈНОВО

Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

October 7, 2025

Меџити: Интензивна изградба на булевари и паркинзи во Чаир е мој врвен приоритет

October 7, 2025

Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големи и актуелни светски имиња на 44. Скопски џез фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk