ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Средните стручни училишта столбови за развој на образованието

October 3, 2022 12:17
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование. Ова е фактичката состојба, ова е кадарот кој жедниот пазар за труд не може да го впие зашто е несоодветен. За ова мора да зборуваме, ова е децениски проблем и исклучително важно. Концептот на доживотно учење, на доквалификација и преклвалификација е реалност која секој мора да ја прифати. Тоа е можеби тешко, имајќи го предвид системот од кој излеговме, но поминаа три децении и редно е да го фатиме чекорот. Треба да се свртиме кон вработливоста, да го мериме кадарот со квалификации потребни за современиот пазар на труд кој веќе не подразбира тешка индустрија, туку роботика, мегатроника и вештачка интелигенција.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето на денешната Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“.

Битиќи напомена дека средните стручни училишта се можеби столбот за развој на образованието, а младите, пазарот на трудот и миграцијата се трите меѓусебно поврзани фактори кои мора така, холистички, да се гледаат.

Според вицепремиерот, за ситуацијата треба да се зборува отворено и проблемите јасно да се кажат  зашто во спротивно, прогрес не може да се постигне. Сега кога сме во скрининг процес, треба точно, фактички и искрено да измапираме каде сме јаки, а каде слаби, на што треба да работиме со многу интенција, но и да разбереме дека сето тоа не го правиме за некој друг, туку за нас, за нашата иднина и нашиот развој.

Млади, пазар на труд и миграција – сите се поврзани и меѓусено зависни и ако не ги гледаме холистички и не успееме да ја адресираме нивната комплексност, ќе имаме и следни 30 години во кои ќе се прашуваме што правиме погрешно. Фактите се непријатни и не звучат политички позитивно. Веројатно се очекува од некој што е на позиција како мојата да ги каже на јавен настан само добрите вести. Но, се додека не зборуваме со факти, со вистината или реалноста на ситуацијата, нема да го постигнеме прогресот што ни треба, нагласи Битиќи.

Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“ е дел од активностите на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“ чија цел е усогласување на вештините на младите и возрасните согласно потребите на пазарот на труд преку зголемување на пристапот до квалитетно стручно образование, обука и образование за возрасни.

Next Post

Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk