ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лудилото и стравот на рускиот патријарх

October 3, 2022 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Последните неколку месеци светот се сврте на глава, откако Путин најави „специјална воена операција“ (што е друго име за брутална војна против Украина). Покрај стратегиите, убиствата, територијалното и материјалното растурање, многу индикативен е и тонот во изјавите на Путин, тон кој барем мене многу ми кажува за самата личност и конфузијата во која се наоѓа Русија.

Да почнеме со најавата која се случи на 21-ви септември оваа година. Путин, имено, побара „делумна мобилизација“ во Руската Федерација за, после неколку денови, да му побегнат, ни повеќе ни-помалку, туку најмалку 120 илјади руски државјани, што би значело помалку од третина мажи кои треба да се мобилизираат. Една таква рекација мене ми кажува дека се работи за несклад со таквата одлука за „делумна мобилизација“, и тоа што Путин со неговите најблиски соработници, го зборуваше само неколку денови пред тоа.

Никој друг, освен Путин лично, во март оваа година, го изјави следното: „За потребите на специјалната воена интервенција ние не користиме и не планираме да користиме ниту регрути, ниту резервисти кои ги повикуваме на воени вежби. Тргнувам од тоа дека нашата армија ќе ги реши сите задачи кои што и’ се поставени. Не се сомневам во тоа ниту секуда“.

Потоа, само неколку денови подоцна, Путин изјавува: „Во борбените дејствија, нема да учествуваат војници кои отслужуваат воен рок, а нема дополнително да се повикуваат ниту резервисти“.

Денес, поточно минатиот месец, во септември, Путин бара „делумна мобилизација“, поточно вели: „Сметам дека е неопходно да ги поддржам предлозите на Министерството за одбрана и Генералштабот за делумна мобилизација. Ќе повторам, се работи за делумна мобилизација“.

Го приметувате тонот, го следите ли тој катахезис од неговите еклектични и халуциогени недоследности? Не се наврати на неговите претходни изјави од фебруари, март, јуни, туку кога очигледно виде дека на терен работите не се одвиваат најдобро, Путин побара „делумна мобилизација“. А потоа, уште рече: „Ние не се бориме со Украина, туку се бориме со целиот колективен Запад’“.

Уште едно ново ретерирање, свесен дека Русија не е ниту приближно на она што некогаш беше, па за да ја намали важноста на Украина, својата екстензија ја насочи кон „колективниот Запад“, притоа, не објаснувајќи што всушност тоа би значелно. Можеби мисли на Шведска и Финска, две држави кои до вчера беа неутрални, а денес се вклучени во НАТО системот со јасна поддршка за Украина.

Тонот во изјавите на Путин оди во уште поголеми противречности кои, премногу очигледно, за „оштрото око на набљудувачот“, говорат толку многу.

Имено, на 24-ти февруари, главната цел, барем според зборовите на Путин, се состоеше во давање на заштита „… на луѓето над кои киевскиот режим осум години се изживува и спроведува кон нив геноцид. И заради тоа ќе тежнеема за демилитаризација и денацификација на Украина, како и судско гонење за оние кои извршија многу бројни крвави злосторства против мирните граѓани“.

Па, така, на 27-ми февруари, се појавува силна осуда на рускиот напад на Украина, а посебно нивното образложение за потребата на ликвидација од наводниот „нацистички“ и „геноциден“ режим во Украина.

Веднаш потоа, со силна реакција излегуваат оние кои многу повеќе знаат за нацизмот и геноцидот одошто знае Путин – Меморијалниот центар на жртвите и хероите на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, Меморијалниот музеј на жртвите на холокаустот во Освенчим (Аушвиц), Вашингтонскиот Музеј на холокаустот, како и преку 140 светски познати историчари и стручњаци во таа област – ама рускиот тиранин сè ова го премолче. Исто така премолчи и на укажувањата за тоа дека лудачки се обвинувањата кон Зеленски за „нацизам“ и „неонацизам“ на кого, дел од неговите предци, му страдале токму во холокаустот, и на фер и транспарентен начин, на изборите во 2019 година, Зеленски надмоќно го победи својот противкандидат.

Но, како што времето поминува, а Украинскиот отпор јакне, а целокупната „операција на Путин“ е компромитирана, зборовите „денацификација“ и „демилитаризација“ исчезнаа од речникот на Путин, ама таквите зборови не исчезнаа од неговите пропагандни ботови, дополнтелно тоа што русите го направија во Буча, во очите на светот, Путин испадна крволочна и непресметана будала.

Без разлика кои се мотивите на Путин за влез во Украина, невозможно е да не се воочи барем два заеднички именители кои не следат од почетокот до денес: првиот брутална катастрофа и штета која им ја направи на Украинците, а која ги опфаќа сите криминални и злосторнички аспекти на „специјалната руска операција“, а другиот е неговата личност. Како што кажа и пред некоја ден политикологот Такирковски: „Тој ги менува своите цели како ракавици и не е способен да ги признае своите грешки“.

Само Владимир Путин го знае точниот одговор на прашањето зошто губи на терен, и зошто, во конечноста, вистината не е на страната на Русија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Next Post

Тупанчески: Наскоро ќе се конституира Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk