ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Државниот архив отворено Одделение за средување и обработка на архивски материјал од османлиски период

October 3, 2022 12:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Државниот архив на Северна Македонија денеска беа отворени просториите на Одделението за средување и обработка на архивски материјал од османлиски период и стар период, кои се реновирани и опремени со Центарот за дигитализација, од страна на претседателството на турската Агенција за соработка и координација ТИКА.

По тој повод, директорот на Државниот архив Северна Македонија Емил Крстески одржа средба со потпретседателот на ТИКА од Република Турција, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут.

Директорот Емил Крстески денеска по отворањето на Центарот изјави дека односите со Република Турција се на многу високо ниво и се надева оти и понатаму ќе продолжи професионалната соработка, особено во однос на дигитализирање на документите од османлискиот период и од поновата историја.

Од самото доаѓање како директор на оваа институција ветив дека ќе формираме едно Одделение за османлискиот период. Тоа денеска се реализира, со опрема што ја донира Агенцијата ТИКА, со која имаме одлични односи и добра соработка. Генерално, односите со Република Турција се на многу високо пријателско ниво и се надевам дека и понатаму ќе продолжи професионалната соработка во однос на размена на експерти и на дигитализирање на документите што се од османлискиот период и од поновата историја, додаде Крстески.

Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА од Република Турција, Махмут Чевик денеска изјави дека целта на Одделението е зачувување на архивите и нивно пренесување на идните генерации.

ТИКА  е организација која постои малку повеќе од 30 години, а 17 години има своја канцеларија во Северна Македонија. Со ова, се обидуваме да го зачуваме нашето заедничко наследство, нашата заедничка историја. Големите држави имаат свои архиви кои го покажуваат нивното богатсво. Ние сме должни да ги зачуваме овие архиви и да ги пренесеме до идните генерации. Сега првпат имаме можност да промовираме ваков значаен проект кој се реализира во рамки на нашата програма, која ја водиме во овој регион, со цел зачувување на документите кои потекнуваат од османлискиот период, рече Чевик.

Тој додаде дека станува збор за прв ваков Оддел за средување и обработка на архивски материјал од османлиски период, во нашата држава, а како што рече, опремување и обновување на документите е извршено од страна на ТИКА, во соработка со претпоставените од Државниот архив.

Сите ние вложуваме во тоа да продолжи нашето пријателство, кое е започнато со осамостојувањето на Македонија. На денешната средба имавме можност да разговараме и да се увериме во тоа дека историјата зборува со документи, рече Чевик.

Како што рече, ваква програма ќе се реализира и во Албанија, а постои интерес да се реализира и во Босна и Херцеговина.

Next Post

Не е потврдено дека училиштата ќе се затворат во декември

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk