ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кулеба: Единствената цел на намерните напади на Русија беше да предизвика смрт и уништување на цивилите, да сее терор и страв

October 9, 2022 19:01
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа Русија истрела над 20 ракети врз станбени области во Запорижја, при што загинаа најмалку 13 лица, а 60 беа повредени, меѓу кои 6 деца, изјави Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, по руските ракетни напади врз цивилни цели. Бројот на жртвите, како што објави Цивил Медиа, е уште поголем.

„Овие области немаат воена намена. Единствената цел на намерните напади на Русија беше да предизвика смрт и уништување на цивилниот народ, да сее терор и страв“ – рече Министерот Кулеба.

„Намерното таргетирање на цивили е воено злосторство. Со ракетните напади врз цивилите кои спијат во своите домови, Русија уште еднаш докажа дека е терористичка држава која мора да биде спречена на најсилен можен начин за да се спречат натамошни грозоморни злосторства, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба за ракетните напади на Русија врз станбените области на Запорижја“ – се вели во изјавата.

Кулеба упати апел до меѓународната заедница:

Ја повикувам меѓународната заедница веднаш да ги преземе следните пет чекори:

1. Го повикувам Кабинетот на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и партнерите кои ги гонат меѓународните злосторства извршени од Русија во Украина итно да распоредат истражители и експерти на локацијата со цел да се документираат доказите за воените злосторства на Русија и да се изведат сторителите пред лицето на правдата.

2. Ги повикувам САД да ја објават Русија како држава спонзор на тероризмот и другите земји да ја признаат Русија како терористичка држава.

3. Ја повикувам меѓународната заедница одлучно да ја осуди Русија поради нејзините нехумани напади врз Запорижја и да го засили притисокот преку нови остри санкции кои ќе ја обезвреднат руската воена машина.

4. Ги повикувам партнерите, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство, Израел, Германија, Норвешка и Франција, итно да ѝ обезбедат на Украина посовремени системи за воздушна одбрана (ВО) и противракетна одбрана (ПО). Испораките на оваа витална опрема мора да се забрзаат. Овие четири букви, ВО и ПО, значат животи за нас. Животи на нашите деца кои легнуваат да спијат во Запорижја и во други украински градови не знаејќи дали ќе се разбудат. Овие системи можат да спасуваат животи во Украина сега, наместо да стојат во магацините.

5. Ги повикувам земјите кои тврдат дека се неутрални кон руската агресија против Украина, веднаш да испратат свои претставници во Запорижја и да поминат една ноќ во станбените области за да почувствуваат што прикриваат со својата неутралност.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, преку својот твитер профил, објави дека „високо ја цени македонската поддршка на Украина“.

We highly appreciate @MFA_MKD for strong support🇺🇦🤝🇲🇰 https://t.co/sJF8IsZXBC

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 9, 2022

Подготви: Д. Варошлија/ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Сарачини побара јавно извинување од Божидар Божиновски-Моџо за навредите и лагите на социјалните мрежи

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk