ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Северна Македонија умерено напредува без лоши оценки е генералната оценка на ЕК за напредокот на државата кон ЕУ

October 12, 2022 18:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија после долги години колебање околу процесот на проширувањето за првпат овој процес го означи како геостратешка инвестиција во мирот и безбедноста на континентот. Во интерес на ЕУ е земјите од Западниот Балкан што поскоро да се интегрираат во ЕУ изјави комесарот за проширување при презентацијата на годинешните Извештаи за напредок на земјите од Западен Балкан. Тој во својот говор пред европските пратеници во Брисел рече дека отворањето на преговорите со Македонија и Албанија се голем напредок во политиката на проширувањето.

Како стратешки приоритети комесарот Вархеји ги наведе помошта за земјите од регионот да се ослободат од зависноста од руските енергенси  како и помошта за справување со актуелната енергетска криза. Вархеји исто така најави имплементација на економски инвестициски план во вредност од 9 милијарди евра како и нови 12 милијарди за наредните 6 години кои треба да ја зајакната социоекономската ситуација во регионот и неговото прилагодување на стандардите на ЕУ. Вархеји при презентацијата на извештајот ја повика Македонија да го искористи скрининг процесот за забрзување на реформските процеси. Во извештајот на  ЕК  за Македонија генерална оценка е-   умерено подготвена по речиси сите критериуми. Напредок се бележи во економските критериуми а како посебен напредок се издвојува усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика  со што Македонија се дефинира како стабилен партнер на ЕУ.

Изминатиов период како што се вели во извештајот се  карактеризира со интензивни напори, што доведе до почеток на процесот на пристапни преговори. Одржувањето на првата Меѓувладина конференција во јули 2022 година беше историски момент и означи нова фаза во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, се вели во извештајот на ЕК. Според европската администрација ова беше јасно признание за решеноста на Македонија да ги спроведе реформите поврзани со ЕУ. Земјата продолжи со напорите за подобрување на демократијата и владеењето на правото, и покрај некои предизвици, се вели во текстот на извештајот за напредок.

Државата според оценката во Извештајот  покажала посветеност да продолжи да дава резултати во клучните области каков што е кластерот Фундаменти.

Во освртот на работата на Парламентот се истакнува дека се очекува тој да ја зајакне својата улога како форум за конструктивен дијалог особено за реформската агенда на ЕУ.

ЕК бара во тој поглед да се ограничи  употребата на брзи процедури со цел да се овозможи ефективна проверка и консултации за законодавството. ЕК потсетува и на потребата од уставните измени со цел да се вклучат како што се вели граѓаните кои живеат во границите на државата алудирајќи на обврската преземена со таканаречениот француски предлог за измена на уставот кој ќе овозможи ефективен старт на преговори по завршување на скринингот кон средината на наредната година.

Во судството е оценет исто така умерен напредок. Судството се вели во извештајот покажа посветеност да го заштити својот интегритет и независност. Во извештајот нема забелешки за политички влијанија. Судските институции доследно ги спроведуваат новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и обвинители. Унапредувањето во повисоките судови се соочи со одложување, а закажаните пензионирања дополнително го намалија бројот на судии и обвинители. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители продолжија со спроведување на стратешките планови, се вели в0 извештајот.

Во областа на борбата против корупцијата и реформите во јавната администрација каде е исто така забележан умерен и стабилен напредок, ЕК посебено нагласува потреба од интензивирање на напорите во овие области.

За борбата против корупцијата во Извештајот се вели дека Земјата постигна одредено ниво на подготовка  во превенцијата и борбата против корупцијата. Постигнат е одреден напредок бидејќи земјата продолжи да ги консолидира своите перформанси во истрагата, гонењето и судењето на неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво. Случаите покренати од поранешното Специјално обвинителство (СЈО) продолжија да се движат напред, утврдувајќи одговорност за нелегалното прислушување.

Државната комисија за спречување на корупцијата, ЕК ја оценува како  проактивна во обезбедувањето политички насоки за јавните институции за спречување на корупцијата и отворање на  неколку случаи, вклучително и случаи против високи функционери.

Во 2021 година, поведени се вкупно 599 случаи на корупција, 16 на иницијатива на ДКСК и 583 врз основа на пријави поднесени од трети лица. Адресирани се 404 предмети. Од поднесените предмети врз основа на пријави, ДКСК во седум случаи утврди основи за сомнение за прекршување на Кривичниот законик и поднесе иницијативи до јавниот обвинител

Што се однесува до слободата на медиумите се наведува дека  општиот контекст е поволен за слободата на медиумите и дозволува критичко медиумско известување ЕК бара активноста  за саморегулација на медиумите  да продолжи и да даде практични резултати во унапредувањето на професионалните стандарди на новинарството. Потребна е поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии. Властите треба да ги засилат своите напори за реформирање на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи негова независност, професионални стандарди и финансиска одржливост. Процесот на реформи на јавниот радиодифузен сервис, во согласност со неговата петгодишна развојна стратегија, е ограничен со доцнење во назначувањето на членовите на неговиот програмски совет. Допрва треба да се именува советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Работните права на новинарите сè уште треба да се унапредат, се вели во извештајот на ЕК.

Во однос на економијата ЕК констатира дека Македонија го стабилизирала фискалниот дефицит кој како што се вели падна на 5,4 % од БДП во 2021 година, додека нивото на долгот се стабилизираше по значителното зголемување во 2020 година. ЕК, исто така, оценува дека македонската економија успеала да се оправи од последиците од кризата со Ковид пандемијата.

Борјан Јовaновски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дуња Иванова македонска претставничка на Европското првенство во МТБ Маратон во Казела, Италија

June 3, 2025

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

June 3, 2025

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk