ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски и неговото жонглирање со вистината за ЕУ

October 18, 2022 11:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

На вчерашниот настап на МТВ, претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, го повтори ставот на оваа партија дека преговарачката рамка на ЕУ формирана, врз основа на таканаречениот „француски договор“, го негира македонскиот идентитет и јазик.

Запрашан од новинарот како го коментира тоа што Советот на министрите на ЕУ го усвои едногласно договорот Фронтекс кој беше потпишан на сите јазици на ЕУ и на македонски јазик, Мицкоски одговори дека во тој договор ќе стои некаква фуснота која го негира македонскиот јазик. За волја на вистината, во тој договор стои следново „потпишано во копии на … (се редат сите официјални јазици на земјите членки по азбучен ред и на …македонски јазик).

Ако јас, како автор на овој текст, знам како изгледа нацртот на овој договор, тешко е да се претпостави дека тоа не го знае лидерот на најголемата опозициска партија кој има редовни контакти со претставници на ЕУ. Во нацртот на тој договор, усвоен од сите министри во Советот на министрите за внатрешни работи, вклучително и оној на Република Бугарија, не стои никаква фуснота.

Ако се суди по оваа многу конкретна ситуација со Фронтекс кој беше со години блокиран од Бугарија токму поради нивното инсистирање договорот да нема копија на македонски јазик, а сега, по прифаќањето на преговарачката рамка или „францускиот предлог“ тој бугарски став да се неутрализира, говори во сосема спротивна насока од тврдењата дека преговарачката рамка го загрозува македонскиот јазик.

На овој ТВ панел Мицкоски се повикува на провокативни изјави дадени од европратеникот Џамбаски од бугарската националистичка партија која не успеа да влезе во бугарскиот парламент на последните избори во Бугарија. Мицкоски овие провокации ги квалификува како релевантни и вели дека не се дадени на улица, туку во Европскиот парламент. Тврдејќи го ова, во истото интервју, Мицкоски понатаму вели дека информациите за тенденции процесот на пристапување да заврши до крајот на оваа деценија се пласирани од луѓе кои се занимаваат со лажни вести.

Во овој контекст, зачудува што Мицкоски изјавата на Џамбаски дадена од клупата на ЕП ја смета за релевантна, додека, пак, Стратегијата за проширувањето усвоена во Комитетот за надворешни работи на ЕП, во која се повикува Советот на министрите и Европскиот совет „да утврдат јасни рокови за завршување на преговорите до крајот на тековната декада” како нешто што е кажано од луѓе како што вели тој кои „се занимаваат со лажни вести“. Инаку во прилог на обидите за интензивирање на преговарачкиот процес е и изјавата дадена на германскиот канцелар Шолц во текот на изминатиов викенд. Дали навистина ЕУ ќе ја утврди 2030 година како краен рок за членство не е потврдено, но јасно е дека такви интенции постојат и дека тие во најмала рака се многу порелевантни од хормоналните истапи на европратеник од бугарска партија вон бугарскиот парламент.

Инаку обидот да се отфрлат преговорите со ЕУ, со хипотеза дека Бугарија во даден момент може да го блокира процесот (впрочем, секоја земја членка во даден момент може да блокира преговарачки процес на било која земја која преговара; тоа секогаш е опција која ЕУ ја има на располагање), исто така, не е во прилог на интересите на државата, ако се има предвид повторно Стратегијата за проширување предложена од Комитетот за надворешна политика на ЕП усвоена минатата недела во која се бара земјите кои преговараат постепено да се вклучуваат во фондовите на ЕУ пред нивното зачленување, што ќе „овозможува придобивките на  пристапувањето да ги почувствуваат граѓаните во текот на целиот процес, а не само на неговиот крај“.

Во ова интервју, исто така, Мицкоски се обиде да го релативизира зачленувањето на Македонија во НАТО по прифаќањето на Преспанскиот договор, велејќи дека луѓето во државата се понесреќни. Точно е дека членството во НАТО не е циркус кој носи забава и среќа за публиката, но она што никој не може да го оспори е дека Македонија во овие прилично драматични околности предизвикани од руската агресија на Украина, е секако многу побезбедно место за живеење од она кое би било доколку бевме вон одбранбениот чадор на Алијансата.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Премиерот Ковачевски и владина делегација во работна посета на Обединети Арапски Емирати

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk