ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фајон: Гарантирам дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори со ЕУ

October 20, 2022 20:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Искрено верувам дека со тоа што Северна Македонија ги започна пристапните преговори за членство во ЕУ, е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година, нагласи министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон, вечерва во тема на денот на Сител телевизија, пренесува МИА.

Самиот факт што Северна Македонија ги започна пристапните договори, потенцира таа, е историски чекор.

Фајон наведе дека раговарала со многу претставници  од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Северна Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.

Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Северна Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето, рече Фајон.

Нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.

Северна Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован, истакна Фајон.

Сега започнува периодот на скрининг, рече таа и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка.

Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата, рече шефицата на словенечката дипломатија.

Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на С Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето. 

Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето, порача словенечката министерка за надворешни работи.   

Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.  

Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Северна Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно, рече Фајон. 

Извештајот на ЕК, според неа, бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа.

Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни, рече министерката за надворешни работи на Словенија.  

За Фајон, Северна Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот. 

Next Post

Слоганот на шпиценградоначалникот Мицко Медарски

НАЈНОВО

Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

October 27, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk