ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Интензивно работиме на Закон за критична инфраструктура како рамка за создавање отпорност на системите витални за државата

October 20, 2022 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Интензивно работиме на Законот за критична инфраструктура, како рамка за создавање отпорност на системите витални за државата, истакна денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќање на конференцијата „Кон отпорност и заштита на критичната инфраструктура: Регионални искуства“, која се одржува во рамки на проектот Платформа за безбедносни политики на Југоисточна Европа, во организација на Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје.

Критичната инфраструктура, како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, ги опфаќа физичките или виртуелните системи кои се витални за една држава и затоа нивното онеспособување или уништување би имало негативен ефект врз националната, економската и социјалната безбедност.

На Конференцијата посветена на значајноста на легислативната рамка и заштитата на критичната инфраструктура, министерката Петровска истакна дека во услови на променета европска безбедносна архитектура, потребата да се изгради сеопфатен систем за заштита на критична инфраструктура е поголема од било кога.

Секојдневно сведочиме дека софистицираните хибридни и кибер закани кои ја таргетираат критичната инфраструктура и на државите во регионот, стануваат сѐ посериозна закана и сериозен безбедносен предизвик за државите, а се разбира и за нашата. Примерите посочуваат дека невидливиот пријател може да ги попречи или оневозможи речиси сите сегменти на нашето секојдневно живеење. Во изминатиот период во регионот сме сведоци во голем број на кибер напади врз државни институции, невладините организации, системите за водоснабдување, енергетската мрежа, транспортот, голем број на онлајн услуги кои ги користат граѓаните итн., рече министерката.

Петровска посочи дека прашањето на критичната инфраструктура е дел од еден покрупен мозаик кој претставува предизвик во изградбата на висок степен на отпорност на нашето општество и дека е неопходно да се подигне свесноста и нивото на подготвеност за нејзина заштита во рамки на стратешкото управување со државата и нејзините институции, вклучително и изградба на интегрирана легислативна рамка за заштита на критичната инфраструктура.

 Треба да изградиме вмрежен систем и заштитата на критичната инфраструктура кој не може да биде едносекторски и парцијален доколку се разбира очекуваме рано предупредување и превенција. Токму затоа ни е потребен ни е системски пристап кон уредувањето на заштитата на критичната инфраструктура што ние како Министерство за одбрана веќе извесен период го водиме овој процес и во рамките на проектот МКД НАТО 2030 се формираше и Комитет кој имаше за цел токму тоа, посочи Петровска.

Министерката нагласи дека заштитата на критичната инфраструктура, покрај тоа што е значајна за заштита на државните интереси и граѓаните, е потребна и за заштита на безбедноста и на регионот, но и на сите земји членки на НАТО и на ЕУ.

Заштитата не може да ја направи едно Министерство или пак било која дирекција на која ќе и биде доверена оваа задача. Решението и одговорот треба да се гледаат низ призмата на интегриран систем за национална безбедност на државата врз основа на искуствата на сите досегашни кризи кои сме ги поминале и надминување на парцијалниот пристап кој досега го има овозможувајќи услови за ефективност, едновременост и целосна координација на сите актери во системот, потенцираше Петровска.

Министерката се осврна и на нормативното додефинирање во оваа област при што потенцираше дека е неопходно да се донесе Закон за заштита на критична инфраструктура како прв чекор во изградба на општество кое е отпорно и чии витални функции се обезбедени без нарушување на либералните вредности и човековите права и слободи. 

Next Post

Колапс: Локалните управи паѓаат пред ветувањата – нула исполнувања по една година

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk