ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 1.500 угостителски објекти вклучени во проект за собирање селектирано стакло кое се рециклира

October 21, 2022 10:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Стаклениот амбалажен отпад може да биде реупотребен и сите да придонесеме кон поздрава и еколошка животна средина, соопшти компанијата Пакомак, која веќе неколку години го реализира проектот „Are You Recycling“, преку кој се собира селектираното стакло и тоа се рециклира.

Во овој проект, како што посочуваат од Пакомак, се вклучени над 600 угостителски објекти од Скопје и уште над 900 од останатите градови.

Тоа се објекти кои се истакнуваат со висока еколошка свест и кои покажуваат активна грижа за животната средина. Оваа година по својот придонес би ги истакнале скопските ресторани „Дукат” „Скопски мерак”, „Мош” „Еквилибриум”, „Рагуза”, катна гаража, битолскиот ресторан „Ловец”, штипскиот „Мал одмор” и многу други благодарение на чија вклученост во проектот месечно се собираат над 220 тони стаклен амбалажен отпад кој потоа се пренесува во фабриките за рециклирање на стакло. Тоа се количини на стаклен отпад кои предходно завршуваа во депониите кои што имаат ограничен капацитет.

– Станува збор за угостителски објекти кои имаат голема свесност за важноста да се селектира отпадот. Со ова се овозможува повторно создавање на над 600.000 шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат шишиња, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажа како многу ефикасна, а од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која посакуваме да ја имаме и кај секое домаќинство во државава, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, кој ги повикува сите угостителски објекти да се приклучат, истакнувајќи дека иднината на успешните угостители не е само во квалитетот на услугата што ја нудат, туку и во нивната одговорност кон зачувување на средината во која работат.

Проектот има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50 отсто од стаклото.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Делегација на Стопанската комора во Собранието алармира за деблокада на економските закони

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk