ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Делегација на Стопанската комора во Собранието алармира за деблокада на економските закони

October 21, 2022 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење.

Како што соопшти Комората, на средбата беше посочено дека покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој субјектите ќе можат на кровна конструкција на објект да постават фотонапонска електроцентрала без решение за поставување, согласно членот 74 на овој закон, со што ќе се олесни процесот на поставување на фотоволтаици, како мерка за справување во услови на енергетска криза, за бизнисот приоритет во моментов е итно да бидат изгласани уште две законски решенија, на собраниска седница на 25-26 октомври 2022 година, ако под услов се состанат Комисиите за надворешна политика и за финансирање и буџет.

Џафери и Азески заклучија дека контактите со пратениците, пратеничките групи и бизнис заедницата неопходно е да бидат почести во интерес на стопанството а со тоа и на економскиот развој.

Според Комората, законите кои чекаат на одобрување во Собранието се поврзани со намалување на трошоците на извозните компании што директно влијае на нивната конкурентност во услови кога скапата цена на електрична енергија ги стави во исклучително неповолна позиција во регионот и пошироко и обезбедување заем во износ од 100 милиони евра со државна гаранција за финансирање на АД ЕСМ – Скопје со цел обезбедување соодветно производство и набавка на струја за потребите на домашниот пазар.

По законот за градење, итно треба да се ратификува пан-еуро медитеранската конвенција заради намалување на трошоците за извоз за поголема конкурентноста на компаниите во регионот и за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје преку заем од100 милиони евра, за да се обезбеди редовно снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов.

-Предлог-закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Анекс 4 на ЦЕФТА 2006, кој се уште не е поминат на Комисијата за надворешна политика, иако ние како земја членка на ЦЕФТА сме обврзани да ја преземеме ревидираната Конвенција, а за да може таа да се користи во меѓусебната трговија администрирана од ЦЕФТА, неопходно е да се ратификува во земјите потписнички на овој договор за слободна трговија, што како процес го немаме завршено само ние. За извозно ориентираните компании, е од особено значење процесот на ратификација да заврши час поскоро. Ова ќе им овозможи на компаниите да ги користат привилегиите од ревидираната ПЕМ конвенција за извозот на пазарите на ЦЕФТА, со кој, меѓу другото, се укинува забраната за поврат на царина за суровини без потекло, со што се намалуваат трошоците на извозниците и со што стануваат поконкурентни на пазарите во регионот, а се олеснува и добивањето ЕУР 1 сертификат за потекло, наведува Комората.

Комората укажува дека Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ – Скопје, со доделување заем во износ до 100 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, е неопходно да се донесе за финансирање на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза. Со овој проект ќе се надминат потешкотиите во снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Најголем дел од заемот е наменет за оперативни трошоци во ХЕЦ Маврово, ХЕЦ Тиквеш, ХЕЦ Треска, ХЕЦ Црн Дрим и Дирекција, како и за набавка на електрична енергија од лиценцирани трговци со електрична енергија и набавка од операторот на електропреносниот систем, АД МЕПСО.

Next Post
Фото:  Massimo Virgilio / Unsplash

Речиси осум милиони Британци се мачат да ги платат сметките, остар пад на потрошувачката во продавниците за храна

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk