ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка: Во земјава зголемено штедењето и кредитирањето

October 21, 2022 12:51
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупните депозити во банките во септември на годишно ниво бележат раст од 3,4%, а вкупната кредитна поддршка е поголема за 9,9%, соопшти Народната банка.

Растот на депозитната маса во целост се должи на повисоките депозити во секторот домаќинства. Растот на вкупните кредити, пак, е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, а е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во септември, паричната маса забележа месечен раст од 0,9%, пред сѐ како резултат на повисоките депозитни пари, при помал раст и на долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат пад. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 3,7%, во поголем дел поради растот на краткорочните депозити, при дополнителен раст и на депозитните пари, а во услови на пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек.

Вкупните депозити во септември се зголемени за 0,9% на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 3,4% и речиси во целост се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити забележаа месечен и годишен раст од 0,9% и 9,9%, соодветно. Притоа, нагорната месечна и годишна промена е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 1,5% на месечно ниво. Нагорната промена пред сѐ произлегува од растот на депозитните пари, при забележан раст и на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат пад. На годишно ниво, овие депозити се зголемени за 0,4%, како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари, во услови на пад на долгорочните депозити во странска валута и во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечен раст од 1,1%, при годишен раст од 12,6%. Притоа, нагорната промена по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со малку поголем придонес на кредитите во странска валута.

Депозитите на домаќинствата, во септември, бележат месечен раст од 1,1%. Месечната промена во најголем дел произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при помал раст и на долгорочните депозити во странска валута и во денари, а во услови на мал пад на краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 5,3% и главно
се должи на повисоките краткорочни депозити во странска валута, при помал позитивен придонес и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, додека долгорочните и краткорочните депозити во денари бележат пад.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% на месечно ниво, во услови на раст на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се повисоки за 7,6%, како резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со малку поизразен придонес
на кредитите во денари.

Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,8% и 0,9%, соодветно, при годишен раст од 6,7% и 12,9%, соодветно. Според ревидираните податоци, кај автомобилските кредити е остварен месечен пад од 0,5%, при годишен раст од 0,8%. Во септември, кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2,0% на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2% на месечно ниво и 17,1% на годишно ниво.

Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

„Зелена читанка“ за оние што се грижат за иднината на светот

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk