ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Пронајдена гробницата на Свети Никола во Турција

October 21, 2022 11:04
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Гробницата на Свети Никола е откриена откако археолози пронајдоа остатоци од древна црква во градот Демре, Турција.

Наодите на археолозите потврдија дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.

– Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола, рече Еравсар.

Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО.

Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо.

Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните – и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата.

Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров.

Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.

Извор: МИА

Next Post
Автобуси на ЈСП ја блокираат улицата пред Влада 21 октомври 2022, 9:30 часот фотографија: Дехран Муратов / ЦивилМедиа

Автобуси на ЈСП и утрово паркирани пред Влада, градоначалничката Арсовска и Град Скопје го блокираат градот

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk