ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Синдикатите бараат разрешување на в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“

October 21, 2022 14:01
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Марјан Митовски работи незаконски и ги крши работничките права така што ги задолжува вработените со работни обврски што не се опфатени со склучените договори за работен однос, обвинуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот СУТКОЗ.

Ја повика градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје и Управниот одбор на ова комунално претпријатие да го разрешат в.д. директорот.

До среда им даваме рок и на Град Скопје и на Советот. Понатаму ќе преземеме мерки со тоа што најверојатно ќе штрајкуваме, а блокадата на ова претпријатие е неминовна, изјави денеска претседателот на ССМ Дарко Димовски.

На прес – конференцијата пред зградата на ЈП „Водовод и канализација“, Димовски рече дека имале средба со раководството на претпријатието, но дека таа завршила без ефект.

Ние се сретнавме со директорот Митовски. Неговата директорка по правни прашања го советуваше дека ова што го прави е исправно, иако убаво е напишано дека е неисправно за вчера вработените да добијат пораки да не подлегнуваат на индокринацијата од таканаречените заштитиници на човекови права, во спротивно раководството ќе биде принудено да донесе нова систематизација со рационализација на работните места. Не може директор да биде магационер, да се задолжуваат нашите работници да извршуваат плус работни задачи на место кое не е предвидено во договорот за работа, не може хидроинженери да се праќаат по чуварски куќички и препумпени станици, не може возачи на специјални возила да ни седат во базата и да не работат ништо затоа што не му се допаѓале на в. д директорот Марјан Митовски, потенцира Димовски.

Случајот, како што соопшти Димовски, е пријавен до Државниот управен инспекторат и до Државниот трудов инспекторат.

Next Post

Османи - Бербок: Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk