ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

„Зелена читанка“ – придонес кон разбирањето на зелените прашања и зелените вредности

October 21, 2022 12:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Зелена читанка“ е нова публикација на ЦИВИЛ, чија цел е, на лесно разбирлив начин да се придонесе кон подобрување на нивото на знаење и зајакнување на јавната свест за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. И проектот и самата публикација се придонес кон развојот на зелените политики и практики. Читанката е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено можат да биде корисна за носителите на одлуки и нивните тимови за односи со јавноста, граѓанските организации, институциите и медиумите.

„Зелената читанка“ е лесно разбирлива и податлива за почетно, но и продлабочено запознавање со зелените прашања.

„Забележливо е дека дел од проблематичните одлуки на централно и локално ниво се должат отсуство на вистинско разбирање на одржливоста и меѓусебната поврзаност со другите релевантни сфери на социо-политичкото дејствување во општеството. Повеќе од итна е потребата да се разбере меѓусебната поврзаност, односно неделивост на областите како што се социјалната и еколошката правда, антинационализмот, владеењето на правото, родова еднаквост и антидискриминација. Тие и не само тие се интегрален дел од зелените политики. А тие вредности може да се негуваат и практикуваат единствено во нивната целовитост и неразделивост“, се вели во денешниот едиторијал на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Проектот и публикацијата се заложба што се заснова на искуството на Зелен ЦИВИЛ во комуникацијата со граѓанките и граѓаните, политичките и претставниците на граѓанските организации, како и од мониторингот на медиумите, изборните и политичките процеси, од каде со сигурност може да се извлече заклучок дека недостига основно разбирање и знаења за тоа што значат зелените вредности.

Публикацијата е објавена на 134 страници и содржи 33 текстови со повеќе од стотина поими од областа на зелените прашања. Публикацијата е конципирана на тој начин што остава можност за проширување и осовременување на материјата во иднина. Објавена е на македонски и албански јазик и може да се преземе од greencivil.mk.

Извор: Зелен Цивил

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk