Откако Трајко Славески вечерва во емисијата Во центар се извини што го повикувал народот да гласа за Данела, му реплицираше Васко Ефтов набројувајќи му за кои свои политичари се има извинувано ВМРО_ДПМНЕ од независноста наваму.
„30 години се отепавте од извинување – се извинувате за Данела, се извинувавте за Трифун, за Борис Трајковски се извинуваше Љубчо, за Груевски и за Мијалков се извинуваат дел од структурите на ВМРО… и за Љубе се извинувавте. Што е проблемот?”. му рплицира Ефтов на Славески.
Славески му возвраќа дека се правеле грешки.
„Па добро, Се прават грешки. Еве има луѓе и за кои не се извинуваме. Еве за мене никој не се извинува“, рече Славески.





