ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Војната во Украина и пенетрацијата на Кина во регионот ги враќаат САД на Западен Балкан

October 24, 2022 16:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕНДГЕН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

До крајот на годината се очекува да биде усвоен Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан (Western Balkans Democracy and Prosperity Act), кој како предлог на група американски сенатори во која има петмина од Демократската и двајца од Републиканската партија беше пуштен во постапка во институциите во Вашингтон на 2 август 2022.

Ако се има предвид временската рамка во која започна и се спроведува двопартиската иницијатива за овој акт на ниво на закон, не може да се избегне заклучокот за неподелен консензус во Вашингтон дека САД треба да го вратат фокусот на Западен Балкан како една од ризичните алки на Европа, кога на регионот му се заканува да биде вовлечен од руското влијание како бонус за Кремљ од војната во Украина.

„Руската војна против Украина очигледно го врати интересот за регионот“ – вели Чарлс Купчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор на Советот за национална безбедност за Европа за време на мандатот на претседателот Барак Обама, откако во декември 2021 година напиша дека „САД го ставија регионот на втор план додека го фокусираа своето дипломатско и воено внимание на Блискиот Исток и Индо-Пацификот“.

Искусниот аналитичар вели дека, кога станува збор за регионалните приоритети, Западен Балкан е на врвот на приоритетите на САД, на администрацијата на актуелниот претседател Бајден и како „незавршена задача“ за северно-атлантската заедница.

Освен заради „малигните“ влијанија на Кремљ, мотиватор на оваа стратешка операција се и порастот на глобалните импликации од влијанијата на Кина која исто така се обидува да пенетрира на Западен Балкан.

Иницијатори на Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан, сенаторите од Демократската партија Крис Марфи, Дик Дурбин, Крис Ван Холен и Бен Кардин и републиканците Роџер Викер и Том Тилис, предводени од сенаторката Џин Шахин, сите членови на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат. Главни столбови на овој акт на ниво на легислатива се поддршката за воспоставување регионална иницијатива за трговска и економска конкурентност за развој на демократијата, економијата и просперитетот во регионот и посебни овластувања за државниот секретар на САД, за да се обезбеди финансиска и техничка помош за секоја земја од Западен Балкан, за да развие одржлива и применлива национална антикорупциска стратегија.

Двопартискиот предлог-закон ги актуелизира двете извршни наредби на претседателот на САД за применливи овластувања за санкции против поединци во регионот коишто го загрозуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и се вклучени во коруптивно однесување.

Со кодификација на овие две извршни наредби ќе се овозможат постапки против сите поединци кои ги поткопуваат демократските процеси, ги прекршуваат, опструираат или претставуваат закана за имплементација на меѓународни мировни договори, или/и учествуваат во сериозна злоупотреба на човекови права, во корупција, и други активности против демократијата и просперитетот на земјите од Западен Балкан.

Како значајни активности кои ќе добијат поддршка со овој закон, сенаторите ги сметаат зајакнувањето на универзитетските партнерства, ангажманот на волонтерите на Мировниот корпус (Peace Corps) во регионот и младинските лидерски иницијативи на Балканот.

Посебно значајна одредба во текстот на овој акт за демократија и просперитет на Западен Балкан е законската обврска за отворање регионална канцеларија на Развојната финансиска корпорација на САД – РФК (U.S. International Development Finance Corporation – DFC), која, како јавно-приватна финансиска, соработува со приватниот сектор за финансирање решенија за најкритичните предизвици со кои се соочува светот во развој денес.

Приоритетните сектори на РФК се поддршка на инвестициите во енергетиката, здравството, критичната инфраструктура и технологија, како и финансиската помош за развој на мали бизниси и жени претприемачи за нови работни места на пазарите во развој.

Поддршката на националните и на регионалните економии е од особена важност кога постои ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет заради последователните кризи од пандемијата и економската, предизвикана од војната во Украина, особено кај земјите што не се членки на ЕУ.

Предлог-законот за демократија и просперитет на Западен  Балкан на сенаторите Шахин, Марфи, Дурбин, Ван Холен, Кардин, Викер и Тилис, во фокусот на својот интерес ги има поддршката на регионалните економски иницијативи, како што се Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и иницијативата Отворен Балкан, борбата против кампањите со дезинформации насочени кон Западен Балкан, како и зависноста од руските извори на природен гас на земјите од Западен Балкан.

Намалувањето на зависноста на Западен Балкан од руските енергенси е од национален интерес на Соединетите Држави, се вели во „преамбулата“ на предложениот законски текст кој се очекува да биде усвоен до крајот на годината.

Поддршката на САД со овој предлог се насочува и кон развојот на силни граѓански општества, независни медиуми, транспарентно и одговорно владеење, и на поддршката на Вашингтон во пристапот на земјите од регионот кон Европската Унија и кон НАТО за оние кои сакаат членство.

Предводничката на оваа иницијатива, сенаторката Џин Шахин, заедно со останатите сенатори во различни состави, во неколку наврати престојуваше во регионот и во своите изјави јасно стави до знаење дека „односот на Соединетите Држави со Западен Балкан е клучен“, и дека овој регион  го заслужува вниманието „во услови на руска војна во Украина“ и „јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа“.

За сенаторот Крис Марфи „одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност, особено кога Путин станува сѐ поочаен во Украина и може да се сврти кон други земји во потрага по победа“.

Сенаторот Марфи, кој патем е еден од најгласните поддржувачи на Северна Македонија уште од Договорот од Преспа и вклучувањето на земјата во НАТО, истакнува дека „САД мора да го продлабочат својот ангажман и дека оваа легислатива ќе ги зајакне американско-балканските врски, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата и искоренување на корупцијата“.


Tекстот е преземен од Цивил Медиа според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

    Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk