За време на официјалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен утре во Скопје ќе биде потпишан договорот со Фронтекс, со кој Северна Македонија стапува и во официјална соработка со ЕУ во заедничка заштита на границите.
Овој договор беше четири години подложен на вето од Бугарија во Советот на министри на ЕУ за внатрешни работи поради противењето на официјална Софија тој да биде потпишан на македонски јазик. Таканарчениот француски предлог усвоен во македонскиот Парламент во јули го деблокираше потпишувањето на договорот со Фронтекс, кој пред десет дена доби зелено светло во Советот на министрите. Својот глас „ЗА“ го даде и министерот за внатрешни работи на Бугарија.
Договорот ќе биде потпишан на сите официјални јазици на земјите членки на ЕУ и на македонски јазик. Во договорот не е содржана никаква фуснота како што се шпекулираше во јавноста.
Инаку за време на мигрантската криза поради неможноста Северна Македонија да го склучи овој договор поради бугарската блокада, мисијата на Фронтекст во земјава се извршуваше во партнерство со Чешката Република.
Извор: НоваТВ