ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Препорака до Грците од 18 до 21 часот да ја ограничат употреба на електрични уреди што трошат многу струја

October 27, 2022 19:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да се постигне намалување за најмалку пет отсто на потрошувачката на електрична енергија во шпицот, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, препорача да се прават напори во периодот од 18 до 21 часот да се ограничи употребата на уреди кои трошат многу струја и доколку е можно, да се користат во друг период од денот, јави дописничката на МИА од Атина.

Основен приоритет останува заштедата на енергија. Грција има цел во следните месеци да ја намали потрошувачката на енергија во шпицот за најмалку пет отсто. Затоа, напорите на сите нас се да ја ограничиме употребата на уреди што трошат многу струја во периодот од 18 до 21 часот, кои можат да се користат во останатите часови од денот, рече Скрекас.

Министерот за животна средина и енергетика на Грција денеска ги претстави владините мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите за месец ноември во однос на сметките за електрична енергија и природен гас, кои се однесуваат на сите, без никакви критериуми.

Планирани се субвенции за електрична енергија во висина од 430 милиони евра за домаќинствата и бизнисите.

Поконкретно, за потрошувачка до 500 киловат часови за домаќинствата предвидена е субвенција од 238 евра за мегават час; за потрошувачка меѓу 501 и 1.000 киловат часови е 188 евра за мегават час, додека пак за месечна потрошувачка од над 1.001 киловат часови, владината субвенција е 98 евра за мегават час.

За корисниците на природен гас субвенцијата е 25 евра по термички мегават час за сите потрошувачи.

Владата продолжува да ја спроведува својата политика на два паралелни фронта: прво во Европа, обидувајќи се да убеди за потребата од заеднички и решителни политики и второ, на национално ниво, заштита на потрошувачите од последиците на енергетската војна што Русија ѝ ја објави на Европа, рече Скрекас.

Истакна дека и покрај големите тешкотии, грчката Влада ќе продолжи да ги поддржува домаќинствата и бизнисите, „така што никој и оваа зима нема да остане незаштитен“.

Next Post

Промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk