ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари

October 28, 2022 17:30
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го купи Твитер и ја додаде компанијата во својата деловна империја по неколкумесечни правни препукувања, пренесе „Врџ“. Според медиумот, преземањето на Твитер Маск го прославил со отпуштање на директорите.

Тој ги отпуштил Параг Агравал, кој го наследи Џек Дорси на местото извршен директор на Твитер, како и главниот финансиски директор Нед Сегал. Сменет бил и Виџаја Гаде, шефот на политики на Твитер.

Илон Маск првично се понуди да го купи Твитер во април, а потоа се предомисли и се обиде да се повлече. На 4 октомври, пак, поднесе писмо до Комисијата за хартии од вредност во САД во кое ја потврди посветеноста на првичниот договор. Преземањето на Твитер чинеше 44 милијарди американски долари.

Доколку не ја преземеше компанијата, Маск ќе се соочеше со Твитер на суд.

„Птицата е ослободена“, напиша тој на Твитер откако ја презеде платформата.

the bird is freed

— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2022

Останува прашањето што планира да направи милијардерот со Твитер сега кога го поседува, откако даде голем број на јавни коментари и критики за досегашната работа. „Вашингтон пост“ објави дека Маск планира да повлече 75 отсто од вработените, за што милијардерот негирал дека е точно.

Твитер во моментов се соочува со предизвици околу своите политики за слобода на говор, а Врховниот суд во САД се согласи на отвори два случаја кои се однесуваат на одговорноста на компанијата за нелегална содржина.

Маск најави и менување на начинот на кој функционира модерирањето на содржините на Твитер, што би значело олабавување на политиките според кои поранешниот претседател Доналд Трамп беше трајно забранет на платформата.

Маск зборуваше и за користење на Твитер како „апликација за сѐ“, споредувајќи ја со кинеската апликација „WeChat“, која започна како платформа за пораки, но оттогаш почна да опфаќа повеќе сегменти, од купување до плаќања и игри.

„Ако можеме и ние да го создадеме тоа со Твитер, ќе бидеме голем успех“, им рекол Маск на вработените во Твитер во јуни.

Next Post

Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Северна Македонија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk