ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ никаде ги нема да се извинат за лагите дека македонскиот јазик станал дијалект (ВИДЕО)

October 28, 2022 21:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сонот, аманетот на Блаже Конески го исполнивме!“ – со овие зборови претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја започна граѓанската трибина „Силно и одлично кон иднината“ во Прилеп. Тој кажа дека „успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, нашата единствена татковина, како што вели Конески“.

Според претседателот на СДСМ, македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата и е признат и потврден засекогаш. Ковачевски додаде дека е направен историски исчекор, со потпишувањето на Фронтекс договорот, кој е прв документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

За првпат имаме договор којшто е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на којшто стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ. Ова е исклучително значајно, не само за мене туку за македонските граѓани, пред се за Македонците, рече Ковачевски.

Во обраќањето пред прилепчани тој додаде дека ветил потпишување на Договорот со Фронтекс на македонски јазик и тоа се случило, односно дека го исполнил ветеното.

Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа. Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако прифатиме францускиот предлог и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ. Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа, рече Ковачевски.

Тој кажа дека опонентите од ВМРО-ДПМНЕ два дена никаде ги нема и немаат доблест ниту да се извинат.

Next Post

Ковачевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, а бараат пари од Владата

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk