ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(МОНИТОРИНГ) Проруски весник за ширење пропаганда, дезинформации и антиевропска кампања

October 30, 2022 10:06
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Западот, Истокот и… Јас“ е најновото печатено гласило на руската пропагандна машинерија. Според најавата на самиот весник, се работи за двонеделен весник за ширење на антизападна, анти-ЕУ, анти-НАТО кампања.

Дека се работи за весник кој има задача да шири дезинформации и пропаганда потврдуваат и од самиот весник.

„Класифицирано во жанрот НАУЧНА ФАНТАСТИКА. Ќе ги следи настаните од земјата и светот, и поради настанатиот идиотизам кој го има зафатено целиот свет, невозможно е да се класифицира на некој друг начин… НАУЧНА ФАНТАСТИКА е затоа што толкувањата и анализите на светските збиднувања од страна на измислени ликови во научно фантастичните списанија не подлегнуваат на кривична одговорност за ширење дезинформации, клевети и навреди...“, се вели меѓу другото во најавата што ќе содржи весникот.

Весникот е со содржини на вистински ликови и настани (а не измислени ликови како што се наведува во најавата на весникот).

Првата вест во весникот е насловена „Кој е тој јунак што ќе го апси Путин?!! Покрај воздигнувањето на „ликот и делото“ на ликот од Кремљ, авторката на текстот шири дезинформации дека НАТО испорачало речиси половина од целокупното полесно наоружување што го има на Украина, а Русија ја води оваа (како што ја нарекуваа) „воена операција“ со околу 15 отсто од капацитетите.

Весникот има 16 страници, и речиси нема информации за војната во Украина. Она што весникот го пласира како пропаганда е дека, всушност, Путин (Русија) води специјална војна со западните сили, ЕУ, НАТО, САД, преку „воена операција во Украина“.

Пропагандата продолжува со тоа дека руската војска е прикажана како најмоќна и најсилна на свет, додека војската на САД е прикажана како од цртан филм од Диздиленд.

Нема да ги анализираме останатите текстови кои се во весникот бидејќи сите текстови се со пропагандна содржина. Пропагандните текстови се напишани на начин како авторката да се обраќа на деца од второ одделение, односно се напишани на јазик со кој може лесно да се манипулира и пере мозокот на граѓаните.

Руската пропагандна машинерија се обидува да влезе во сите домови и да се обрати на сите целни групи. Пред да почне да се издава весникот, кој инаку чини 45 денари, пропагандата и дезинформациите се шират и преку интернет портал кој нема импресум, нема кој раководи со порталот и нема податоци кој е сопственикот на тој портал (името на порталот и содржините се архивирани од Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, нема потреба да му се дава медиумски простор со овој извештај).

Кога започна воената инвазија на руската војска врз Украина, нашата држава веднаш ги забрани руските пропагандни медиуми Раша Тудеј и Спутник. Меѓутоа, дали ќе дозволи ширење на руска пропаганда, антизападна, анти-ЕУ, анти-НАТО кампања и дезинформации преку македонски весник кој чини 45 денари, останува отворено прашање.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk