ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агенција за труд на ОН: Војната во Украина и другите кризи го намалуваат бројот на работни места

October 31, 2022 15:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СОЦИЈАЛА

Меѓународната организација на трудот (МОT) денеска предупреди дека во четвртиот квартал од годинава се очекува бројот на слободни работни места и бројот на вработени ширум светот да се намалат бидејќи војната во Украина и „повеќе кризи кои се случуваат во исто време“ веќе доведоа до пониски плати, поголема задолженост и поголема социјална нееднаквост.

Новиот генерален директор на оваа агенцијата на Обединетите нации, Гилберт Хонгбо, ги повика владите да интервенираат за да помогнат во одредувањето на цените на стоките, пренасочувањето на профитот и зајакнувањето на социјалната заштита.

– Решавањето на оваа длабоко загрижувачка глобална ситуација со вработувањето и спречувањето на голем пад на пазарот на трудот ќе бара сеопфатни, интегрирани и избалансирани политики и на национално и на глобално ниво, рече тој.

Хоунгбо додаде дека евентуалниот крај на војната во Украина во блиска иднина „понатамошно ќе придонесе за подобрување на глобалната ситуација со вработувањето“.

На почетокот на годината, МОT регистрира подобра состојба на бројот на работни часови во светот, особено кај жените и работниците на висококвалификувани работни места, бидејќи светската економија закрепна од кризата за време на пандемијата на коронавирусот.

Во денешното десетто издание на набљудувачкиот извештај за работата во светот пишува дека бројот на работни часови е намален за 1,5 отсто, што е еквивалентно на работата на 40 милиони вработени со полно работно време.

„Изгледите за пазарот на трудот се многу неизвесни бидејќи растат негативните ризици, меѓу кои се ефектите од високата инфлација, сè построгите монетарни политики, поголемото оптоварување на долгот и падот на довербата на потрошувачите“, се наведува во извештајот.

МОT наведува дека податоците укажуваат на нагло забавување на пазарот на трудот, иако обично е потребно време за забавување на економијата или рецесијата да доведат до намалување на работните места и зголемување на невработеноста.

Се проценува дека повеќе од 10 отсто од предвоената работна сила во Украина, главно жени, сега е во егзил.

Next Post

Мицкоски падна во замка- со внукот на Вапцаров полемизираше какво потекло има поетот

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk