Со изградбата на пречистителната станица ставаме крај на деценискиот проблем со чиста вода за пиење на граѓаните. Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со недостигот на вода, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево.
Тој додаде дека овој проект е во заедничка соработка на Владата, која вложи 1,3 милиони швајцарски франци, Швајцарската Конфедерација која го поддржа проектот со шест милиони швајцарски франци и општината Делчево која инвестираше 30 илјади швајцарски франци.
Дополнително проектот опфаќа и изградба на фотоволтаична централа со капацитет од 250 kw во пик со кој се предвидува делумно покривање на потребите за електрична енергија за бунарите и прочистителната станица, истакна Ковачевски.
Премиерот нагласи дека еден од столбовите на политиката на Владата е рамномерен регионален развој, бидејќи секој град и секој регион во државата заслужува да биде убаво место за живеење.