ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворање на сензорна соба во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово

October 31, 2022 13:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ денес се отвора сензорна соба во ООУ„Кочо Рацин“-Куманово. Оваа сензорна соба е специјално опремена просторија каде стручните соработници и наставници од училиштето ќе можат да обезбедат дополнителна образовна поддршка за учениците со и без попреченост.

Ова е 18 сензорна соба која се отвора како дел од овој проект кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост.

„Со поддршката на донаторот, Европската Унија, во рамките на овој проект во Општина Куманово со месечни стипендии се поддржани 44 ученици со попреченост, а ги поддржуваме и училиштата да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Така само во оваа општина реализиравме едно надворешно инклузивно игралиште, работиме на еден пристапен тоалет, а ова е 3та сензорна соба која ја отвораме во училиштата во оваа Општина. Сензорните соби претставуваат специјално опремени простории каде може да се изведува индивидуална работа со учениците кои имаат потреба од дополнителна поддршка. Би сакала да напоменам дека оваа просторија не е замена за училница, туку е помошен простор кој ќе помогне училишниот тим да ги оствари образованите цели за секое дете. “- рече Благица Димитровска.

„Оваа сензорна соба, претставува уште еден локален симбол за нашата посветеност лицата со попреченост да имаат пристап до квалитетно образование. Како Општина секогаш се вклучуваме во активностите спроведени од овој Проект кој има за цел да придонесе кон суштинско вклучување на децата со попреченост во редовните училишта. Се радуваме на повторната можност со здружени сили со донаторот, граѓанскиот сектор и невладините организации и ние како Општина да направиме чекор кон еднакви можности и еднакви права на сите наши жители.“, истакна Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Директорката на ООУ„Кочо Рацин“- Куманово, Лидија Пешевска, истакна дека оваа сензорна соба е опремена со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. и ќе биде уште една дополнителна алатка која ќе помогне училиштето да обезбеди инклузивно и квалитетно образование. Во името на вработените, учениците и родителите изрази голема благодарност до ЕУ, Фондацијата „Чекор по чекор“, здружението „Инклузива“, здружението „Хандимак“ и Општина Куманово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преку Механизмот на ЕУ за граѓанска отпорност за граѓанските организации достапни 900.000 евра

НАЈНОВО

Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk