ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Имаме решителност и подготвеност за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство

October 31, 2022 14:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постои институционална и политичка решителност и подготвеност за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во денешното обраќање на панел дискусијата на тема „Хармонизација на законодавството во Република Северна Македонија со европските стандарди и регулативи од Министерството за внатрешни работи“, организирана од Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа.

-Кога говориме за усогласувањето на домашните закони и под законски акти со оние на Европската Унија, конкретно во доменот на функционирање на Министерството за внатрешни работи, тогаш можеби по прецизно е да кажеме дека станува збор за реализирање или оперативна имплементација на нормативните стандарди застапени во Поглавјето 24 – правда, слобода, безбедност,  од пристапниот скрининг процес на ЕУ, како  области на јавна политика кои се посебно значајни за суверенитетот на една држава. Нивната основна цел е да обезбедат слободно движење на луѓе, со гарантирање на нивната безбедност, рече министерот Спасовски,  истакнувајќи ги 12-те под области кои се императив за безбедноста на граѓаните: азил, миграција, надворешни граници, визна политика, борба против организираниот криминал, борба против трговијата со дрога, тероризам, трговијата со луѓе, царинска соработка, полициска соработка, судска соработка во граѓанските и кривичните предмети и фалсификување на евро.

Едни од  подобрите примери за тоа се и креирањето на надворешниот механизам за контрола врз работата на лицата со полициски овластувања и затворската полиција, чии основи успеавме да ги воспоставиме и чии резултати се веќе видливи во пракса, како и  спроведувањето на императивната Реформа на разузнавачките служби и воспоставување на новиот систем за следење на комуникациите, што секако произлегуваат од  Поглавјето 24, истакна Спасовски и како примери за добра комуникација и партнерство со ЕУ ги спомена и изготвувањето на Законот за меѓународна и привремена заштита со кој  беше извршено усогласување на националното законодавство со најновите акти на правото на ЕУ во областа азил, како и измената на Законот за гранична контрола, и неговото усогласување со директивите на ЕУ за обврската на превозниците да споделуваат податоци за патниците и евиденција на податоци за патниците.

Во делот на борбата против сериозниот криминал и тероризмот, како што појасни, се и бројни активности на ниво на усогласување на стратешки документи, национални и акциски планови и други проекти како на пример  проектот за Спротивставување на сериозен криминал во Западен Балкан кој има за цел да се зајакнат капацитетите на агенциите за спроведување на законот за гранична контрола и да се обезбеди ефикасен и ефективен одговор на заканите од сериозниот организиран криминал и тероризам, вклучително и спречување и спротивставување на насилниот екстремизам.

Тој ја потенцираше институционалната и политичка решителност и подготвеност во земјава за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство, со силна увереност за повеќе од сигурна основа дека целиот тој процес, конкретно за Поглавјето 24 ќе биде окончан квалитетно особено сега на чекор до исполнување на долго посакувана цел – полноправно членство во Европската Унија.

По панел-дискусијата, на министерот Спасовски му беше врачена плакета за соработка и поддршка од страна на Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа, по што присутните имаа можност и да ги разгледаат лабораториите во склоп на Правниот факултет при УЈИЕ, заедно со инспектори од форензика од Секторот за внатрешни работи – Тетово.

 

Next Post

„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk