ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓани пријавуваат расипана храна поради исклучени фрижидери во маркети

November 1, 2022 10:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Млечни производи, месо, но и спанаќ и грашок. Ова се само дел од продуктите кои граѓани ги купиле расипани, иако не им би поминат рокот на употреба. Тие периодов ги пријавуваат овие случаи во Организацијата на потрошувачи (ОПМ), од каде што за Мета.мк појаснуваат дека тоа е така затоа што во маркетите се икслучуваат фрижидерите од струја за да се штеди, а токму прекинувањето на ладниот ланец ги расипува производите.

„Имаме многу реакции за вакви случаи и во Скопје, но и во другите градови. Се однесуваат најмногу за расипани млечни производи, бидејќи со поскапувањето на електричната енергија и со наметнувањето дека треба да се штеди, маркетите ги исклучуваат фрижидерите. Да, тие може да ги ги исклучат кај пивото, но кај месото и млечните производи не смеат да ги исклучуваат“, вели Татјана Тасевска од ОПМ.

За несоодветно чување треба да се реагира во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде што има инспектори кои прават увид на терен и преземаат мерки. Во АХВ, за Мета.мк појаснуваат дека операторите со храна имаат законска обврска да го одржуваат ладниот ланец и да ја чуваат храната во разладните уреди на соодветна, односно на температура која е препорачана од производителите како еден од условите за пласман на безбедни производи на пазарот.

„Досега се поднесени 4 претставки од граѓани кои се пожалиле на несоодветно чување на производите поради исклучување на разладните уреди. Постапено е по сите претставки од страна на инспекциските служби. Од четирите пристигнати претставки од потрошувачи по овој основ, две се општи и се однесуваат на сомнеж за исклучување на фрижидери за чување на храна, една од претставките се однесува на сомнеж за небезбеден производ преработка од месо (салама), а втората за сомнеж за небезбедно чоколадно млеко“, информираат оттаму.

На прашањето, дали инспекторите казниле сопственици на маркети во врска со оваа појава, во АХВ со одогвор дека започнале со засилени инспекциски контроли откако имале сознанија за исклучување на фрижидери по маркети.

„Од 15 септември досега се спроведени 370 вонредни контроли во маркети и угостителски објекти, а постапуваа и по поднесените претставки до Агенцијата за храна и ветеринарство дека поради штедење на струја се исклучуваат разладните уреди во маркети и угостителски објекти, особено по завршување на работното време. Не е утврдена појава на исклучување на фрижидерите, односно, само кај 3 оператори констатирани се отстапки во температурниот режим, поточно на чување на производите на температура која не соодветствува со потребната која е декларирана на производите“, информираат оттаму.

За утврдените недоследности, додаваат оттаму, на операторите им се поднесени 3 платни налози. Кај 17 оператори со вонредните контроли утврдено е дека не воделе записи за следење на температурата во разладните уреди, за што се издадени 12 решенија и 5 едукации за отстранување на недоследностите.

„Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период и ќе се спроведуваат како и досега и во раните утрински часови, односно пред отпочнување со работа на маркетите и угостителските објекти со цел утврдување на реалната фактичка состојба со чување на храната во разладните уреди“, велат во Агенцијата.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната од одобрените/регистрираните оператори, потрошувачите можат да ја пријават во Агенцијата лично, писмено, електронски на info@fva.gov.mk, или на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

Извор: МЕТА. МК

Next Post

ФИЧ: Девизините резерви растат и ќе бидат стабилни и на среден рок

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk